Фајзер и Модерна згрутчуваат исто колку и АстраЗенека

Продолжува тепачката со научни студии околу вакцините и клучното „здравствено“ прашање која повеќе ќе се шитне. Овојпат Оксфорд вади истражување по кое Фајзер и Модерна згрутчуваат крв исто колку нивната. На малку пошироко ниво, студијата потсетува дека ризикот од згрутчување после вакцинирање од која било вакцина е далеку помал од оној кој го носи заболувањето од ковид.

Според студијата на Универзитет Оксфорд, четворица во еден милион луѓе доживуваат церебрална венозна тромбоза после примање на доза од Фајзер или Модерна, наспроти пет во еден милион кои примила АстраЗенека.

Ризикот од добивање ваква тромбоза е далеку поголем во случај на разболување од ковид-19: 39 случаи во милион пациенти.

Тоа.

16 април 2021 - 12:24