На сцената на која се случила класична каубојска престрелка, локалната полиција го нашла мртов Дејл Харис и Алонсо Лара, кој бил врзан, упукан двапати во глава и починал на пат во болница. Уапсен е и 32 годишниот Стивен Стјуарт, кој учествувал во престрелката а е брат на сопругата на Харис.
Престрелката се случила во трајлерот на Лара во кој се најдени пари, оружје и некое кило кокаин.
Харис бил професор и школски тренер а Лара човек на картелот Халиско, една од најозлогласените нарко- организации во светот, со седиште во истоимената мексиканска област која е позната како татковина на маријачите и текилата.
Полициската реконструкција на настанот вели дека домот на Лара веројатно служел како скривница за роба и пари на картелот. Харис и помладиот шура му направиле сачекуша, испаднала фрка и епилогот е тој.
За професорот ова сигурно е последното ограбување картели но најверојатно не е прво. Полицијата се сомнева дека тој и шурата стојат зад неколку провали во места кои се сомничеле како скривници за нарко-картелите кои оперираат во областа.