Протечени меилови обелоденија „ургентна“ загриженост на бристанските здравствени власти околу прецизноста на брзите тестови за ковид-19, а најпесимистичките проценки велат дека во места со ниски нивоа на ковид, тие можат да бидат прецизни и само два процента.
Претходно премиерот апелираше сите во земјата да прават по два брзи теста неделно, но меиловите откриваат дека владата веќе размислува да се повлече од идејата за масовно тестирање на луѓе без симптоми, првенствено поради проблемот со лажните позитивни резултати.
Пред десетина дена, веќе првиот ден откако понудата на Џонсон за брзи ЛФД (lateral flow device) тестови стапи во сила, владин службеник предупредил дека во најдобар случај, позитивните резултати можат да бидат точни во 25 проценти од случаите, додека во случаи на самостојно правење тест, на резултатот може да му се верува меѓу 2% и 10%.
Британскиот пост-локкдаун оптимизам малку се стиша и откако во земјата беше детектиран мутираниот сој на коронавирус кој првично беше откриен во Индија. Од таа, B.1.617 варијанта, засега се заразени осумдесетина лица на островот.