ФБИ по цел ден само на Кина треба да работи

Моментално ФБИ има над 2.000 истраги кои се поврзани со кинеската влада, и на секои 10 часа отвара нова истрага околу Кина, изјавил првиот човек на ФБИ пред американскиот Конгрес.

На сведочењето директорот Кристофер Вреј изјави дека ниту една друга земја на светот „не претставува поголема закана за американската економска безбедност и демократски идеали од Кина“, дополнувајќи дека кинеската способност да влијае на американските институции е „длабока и опсежна и постојана.“

Вреј зборувал и за кинеската операција „Лов на лисици“ во која Кина наводно спроведувала „некоординирана активност на безбедносните сили“ на американско тло со цел „заканување, заплашување, малтретирање и уценување“ на членовите на кинеската дијаспора.

„Тоа е показател и слика за тоа колкав е предизвикот и разноликоста од оваа закана,“ изјавил Вреј.

На истото сослушување учествува и директорката на американското национално разузнавање, Аврил Хејнс, според која кинеската влада има „значителни“ сајбер капацитети, кои „ако се употребат, најмалку што можат да предизвикаат се локализирани, привремени нарушувања на критичната инфраструктура во Соединетите држави“.

15 април 2021 - 11:05