70% од Јапонците не се за одржување на Олимпијадата

Единствената двојба кај испитаниците е дали таа да биде целосно откажана или само одложена уште еднаш, меѓутоа крајниот став на 100 дена пред стартот на Игрите е дека Олимпијадата не треба да се случи.

Само 24,5% од испитаниците во Јапонија биле за одржување на Олимпијадата како што е планирано. Најголем процент, 39,2 биле за нејзино целосно откажување, а 32,8% биле за уште едно одлагање.

Во Токио во понеделникот почнаа да течат 1-месечните мерки за спречување на четвртиот бран на ковид-19. Едно друго истражување покажало дека 92,6% од анкетираните се плашат од повторен скок на бројот на заразени.

Во земјата започна вакцинирање на сите над 65-годишна возраст, кое не оди според очекуваното заради недостатокот на вакцини. Околу 60% од Јапонците не се задоволни од тоа како напредува вакцинацијата во земјата.

13 април 2021 - 11:30