
Проектот Пентагон го нарачува во име на ДАРПА, а освен Блу ориџин на Безос, во него учествуваат и Локхид Мартин и Џенерал атомикс.
Вселенската компанија на Безос ќе добие најмалку пари од проектот, 2,5 милиони долари за дизајн на нуклеарното летало; Локхид Мартин добива 2,9 милиони исто така за дизајн, а Џенерал атомикс завршува со 22,2 милиона за дизајнирање на мал нуклеарен ректор кој ќе биде погонот на ракетата.
Намерата на ДАРПА е да ги тестира можностите на нуклеарната енергија за напојување на вселенските летала кои за сега главно работат на „хемиски или електричен погон“.
Од ДАРПА објаснуваат дека и двата постојни система имаат свои слабости, и очекува дека нуклеарната технологија ќе може да ги искористи нивните најсилни страни „моќта на хемискиот погон и ефикасноста на електричниот“.
Планот е некаде во 2025 во орбитата на Земјата да се има летало на нуклеарен погон. Првата фаза, во која треба да работат овие 3 компании ќе трае 18 месеци.