Би-би-си 1 и 2 целосната вечерна програма во петокот ја посветија на Филип, и ова се одрази со пад на гледаноста.
Ова значеше одложување на редовната програма, серии, емисии и шоуа, во име на емитување најразлични трибјути за сопругот на кралицата.
Според бројките што ги има видено Гардијан, покривањето на смртта на принц Филип го има срушено и на Би-би-си и британскиот рекорд по број на поплаки.
Една од поплаките е дека непрестанатото пренесување за Филип целосно ги исклучило сите останати теми, вклучувајќи ја и пандемијата, која продолжува да се шири низ земјата.
Претходниот рекорд по поплаки на Би-би-си е од 2005, кога телевизиската мрежа решава да ја емитува „Jerry Springer: The Opera“.
На страна претерувањето, околу 400 жалби имало дека во преносот било разговарано и со принцот Ендру, кој беше поврзан со досега најголемиот сексуален скандал на светско ниво. 223 се пожалиле дека презентерите на Би-би-си не носеле облека која доволно оддава почит, односно дека не биле во црно.
Како за крај, 116 поднеле жалба до Би-би-си по основа дека Би-би-си направила да биде премногу лесно да се поднесе жалба.