Вести

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Речник

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Украински дронови растуриле американска оклопна бригада на воени вежби

Американците ќе треба сериозно да го преиспитаат капацитетот за модерно војување на копно. На воени вежби во Германија, елитна оклопна бригада од базата Форт Худ во Тексас била разбиена при секое соочување со украински дронови управувани од ветерани од војната со Русија. Пентагон побара уште милијарди долари за системи за одбрана од дронови.

Слаткиот живот на лажниот активизам

Граѓанскиот активист Шон Кинг го живее влажниот сон на сите активисти кварни како него. Овие што кмишат по мрежи како ботови ухлебени во ПР служби или цивилни филијали, нека знаат дека слабо некако се имаат продадено.  

Фараони на нашето време

Во историјата на капитализмот не е видено најголемите светски компании да растат онолку колку што последниве неколку години растат технолошките гиганти.

Како професор по физика изгуби опклада од јутјубер

Професорот не е од каде било туку од престижниот универзитет УКЛА а опкладата не за било што туку за закони од физиката.

Во Лондон можеш да бидеш прободен со нож за критикување на исламот

Хатун Таш е поранешна муслиманка, а сега христијанка која беше избодена и исечена со нож сред бел ден пред очевидци во Спикерс корнер во лондонски Хајд парк, само затоа што ги изразила своите верувања. Таш не доби ни медиумско внимание, ни хаштази за солидарност, ниту пак загриженост од политичарите дека Британија изгледа дека станува земја во која си во опасност ако го критикуваш исламот.

Кина сред најголемо избувнување на ковид-19 од Вухан

Нанкинг е новиот центар на епидемијата во Кина, од каде ковид-19 се прошири во пет провинции и во Пекинг.

Науко, кочи малку

Франција воведе мораториум на истражување на еден вид протеини, откако настрадаа двајца научници кои работеле со нив.

Трето тромесечје по ред Амазон има приходи над 100 милијарди долари

Амазон повторно го заврши кварталот со над 100 милијарди долари (113 поточно), по што инстантно падна вредноста на неговите акции на берзата заради разочарување што приходите биле само толку.

Евер гивен стигна во Ротердам

На џиновскиот карго брод му требаа четири месеци за конечно да стигне од Египет до својата дестинација во Ротердам.

Спасот е на Нов Зеланд

Откако веќе имаат утврдено дека неизбежно престои колапс на глобалната цивилизација, научници прават рангирање која држава е најдобро подготвена за преживување на колапсот.

Се подготвува најголемото судење во модерната историја на Ватикан

Еден кардинал и девет други луѓе се обвинети дека од Светата столица исцедиле десетици милиони долари од донации преку лоши инвестиции, зделки, сомнителни менаџери на фондови и услуги за пријателите и семејството.

Еквадор му го одзема државјанството на Џулијан Асанж

Неплатени такси кон државата и проблеми со документите за натурализација се наведени како основа по која основачот на Викиликс остана без еквадорско државјанство.

Го намести ли ФБИ и упадот во Капитол?

Постои долга историја и планина на докази како ФБИ не само што открива заговори и мрачни планови, туку активно учествува во нивно поттикнување и креирање, за да може после да ги „раскринка“ и да ја „зачува“ националната безбедност. Стравот од загрозување на уставниот поредок секогаш е добредојден за буџетот на ваквите бироа и загенции.

Вакцинираните сепак треба да носат маски на затворено

Се работи за препорака од американското ЦДЦ, кои тие ја оправдуваат со тоа што делта варијантата на ковид-19 „поинаку се однесува“ во споредба со претходните варијанти.

Научникот кој ги одбрани мастите

Професорот Тим Ноакс своевремено ѝ удира шамар на доминантната прехранбена теорија за користа на јагленохидратите и штетноста на мастите, тврдејќи е тоа така - ама обратно. Половина деценија се води судски процес против него кој на крајот тој го добива. Неговиот случај на некои им личи на она што денес се случува со здравството и фармацијата.

Безос до НАСА: Да се договориме за Месечината

Доскорешниот извршен директор на Амазон на НАСА ѝ нуди две милијарди долари за да го вклучи во трката за повторно стигнување до Месечината. Да не биде само Маск. 

Талибанците освоија половина Авганистан

Во изминативе 20 години и покрај тоа што целата воена сила на светот беше против нив Талибанците успеаа да ја задржат контролата на некои од најоддалечените делови од Авганистан. Како што САД и сојузниците почнаа да го напуштаат Авганистан, така Талибанците за 2 месеца освоија повеќе територија од кога и да е од почетокот на 2000-те.

Цигарите целосно треба да се забранат, искрено ваш Филип Морис

Цигарите што ги произведува Филип Морис, а и сите други, треба да бидат третирани како автомобили што работат на бензин кои од 2030 ќе бидат забранети за продавање, е пораката на ЦЕО-то на Филип Морис интернешнл, Јацек Олчак, до британската влада.

Ова не е топлотен бран, ова е планета што умира

Најголемиот дел од Пацифичкиот северозапад на САД моментално е заробен под она што климатските научници го нарекуваат „топлотна купола“, која се протега по целиот западен брег. Температурите моментално се вон сите граници. Во Портланд, Орегон, беше 46 степени Целзиусови. Тоа е потопло отколку во Каиро во Египет, или во Карачи во Пакистан.

До крај на 2021 на Амазон ќе може да се купува со биткоин

Првата фаза од зближувањето на Амазон со криптовалутите е воведување на биткоин плаќања во својата продавница, втората фаза е воведување на сопствена криптовалута, Амазон коин, за која уште од сега се стравува дека ќе може да биде злоупотребена од компанијата и да се користи за исплата на вработени, нешто слично на бонови од Силекс.

Случајот против Асанж колабира, ама и понатаму останува перверзија на правдата

Минатиот месец, клучен сведок против Асанж призна дека неговото сведоштво е лажно. Ова е дополнителен доказ дека случајот нема каква било врска со правдата - туку е создаден за да се замолчат критички настроените новинари.

Како на Американците им се згади естаблишментот и медиумите (прв дел)

Пренесуваме (во два дела) една темелна ретроспектива на оина што се случуваше во САД во последниве 4-5 години ( а се случува сешто) која објаснува како и зошто милиони Американци изгубија верба во институции и медиумите и се закотвија во кампот Трамп, откако увидоа каква „шарена револуција“ им се монтира пред очи.

Како на Американците им се згади естаблишментот и медиумите (втор дел)

Во случај на победа на Трамп во 2020, беше подготвено демонстранти во 400 градови во Америка да бидат активирани со СМС пораки следниот ден по изборите. Секој град со над 50.000 жители ќе беше зафатен со некакви претходно планирани и централно координирани протести. Ние Американците ваквите настани во други земји ги нарекуваме „шарени револуции“.

На маката кратки и се нозете

Германска репортерка е фатена жива како намерно се валка со кал, за подоцна во програма да може да покаже дека и таа помогнала во чистењето од поплавите.

Кога ѓаволот ќе го зајава Пегаз

Ако постои ѕид на кој би сакале да сте мува, за да слушате што зборуваат оние околу ѕидот, тогаш остварувањето на тој сон е само прашање на техника. А техниката постои и прилично е достапна, ни открива актуелниот скандал со сотфверот Пегаз.