Слаткиот живот на лажниот активизам

Граѓанскиот активист Шон Кинг го живее влажниот сон на сите активисти кварни како него. Овие што кмишат по мрежи како ботови ухлебени во ПР служби или цивилни филијали, нека знаат дека слабо некако се имаат продадено.  

Контроверзниот граѓански активист Шон Кинг се пресели од двособен стан во Њујорк во луксузна петособна куќа која излегува на езерце во Њу Џерси. Новиот дом му кошта 842.000 долари во населба во која просечна цена на куќа е 217.000 долари.

Кинг е еден од најгласните активисти на Black Lives Matter a e контроверзен и поради расата со која се претставува и поради шемите кои ги правеше по убиството на едно 12 годишно црно момче од страна на 24 годишен бел полицаец од Кливленд, поради тоа што малиот носел пиштол - играчка.  

Случајот предизвика големо внимание на јавноста во 2014 година а Кинг беше главниот мегафон на луѓето кои бараа правда. Во тоа име собра 60.000 долари донации иако семејството не било ни известено за тоа. Тој најави и подкаст епизода за негов разговор со мајката на настраданото момче за таа јавно да му се обрати и да го нарече измамник.

Подоцна државата му ги заплени тие пари и ги стави во фонд за настраданото дете со кој располага семејството.

Активизмот на Шон Кинг е црн до коска само што во 2015 година беше обелоденето дека двајцата родители му се белци.

Новата куќа изгледа вака:

 

2 август 2021 - 10:55