Падот на вредноста на акциите е и покрај тоа што компанијата бележи раст на приходите во однос на минатата година, меѓутоа растот е од само 27%, додека минатата година благодарејќи на пандемијата, растот за истиот временски период бил 41%.
Амазон за третиот квартал објави дека очекува да има продажба во вредност меѓу 106 и 112 милијарди долари, меѓутоа надворешните процени беа дека тоа ќе изнесува околу 119,2 милијарди долари.
На овие пари што ги собра, Амазон очекува оперативен профит за третиот квартал меѓу 2,5 и 6 милијарди долари.
Од Амазон ги смируваат инвеститорите околу финансиските резултати со тоа дека компанијата е сред повеќегодишен инвестициски циклус, главно на зголемување на магацинските капацитети низ САД, и тоа дека 2020 заради пандемијата имала рекорден раст на приходите, кој тешко дека ќе се повтори во година кога сите продавници се отворени.
Ова беше последниот целосен квартал во кој Џеф Безос е ЦЕО на Амазон. На 5-ти јули Безос функцијата му ја предаде на Енди Џаси, кој претходно раководеше со Амазон веб сервисите. Безос сега е извршен претседател на Амазон.