Фараони на нашето време

Во историјата на капитализмот не е видено најголемите светски компании да растат онолку колку што последниве неколку години растат технолошките гиганти.

Стандардниот поглед на Вол стрит на Силициумската долина е дека за брзи економски и финансиски растови и шпицови постојат стартапите додека зрелите компании се симбол на поскромен но затоа стабилен раст. Меѓутоа, денешните технолошки гиганти  растат со темпо на кое иновативните претприемачи можат само да позавидат.

Не пред многу годии туку во 2017-та, Епл, Микрософт, Алфабет и Гугл заедно вредеа помалку од два трилиона долари. Денес, Епл и Микрософт поединечно вредат повеќе од тоа. Петте најголеми технолошки гиганти (вклучително Амазон) заедно вредат 9,3 трилиони.

Четири компании кои неделава пријавија приходи, укнижиле 250 милијарди долари профит за само 12 месеца. Пред десет години, кога сите тие изгледаа и работеа отприлика исто како денес, нивните профити беа помали од 58 милијарди.

Гигантските профити на овие годзили одамна изгледаат сомнително од аспект на монополски позиции. Вашингтон се нешто презема или најавува построг надзор над нивните портфолија, но слабо фајде од тоа.

1 август 2021 - 21:04