На маката кратки и се нозете

Германска репортерка е фатена жива како намерно се валка со кал, за подоцна во програма да може да покаже дека и таа помогнала во чистењето од поплавите.

Сега веќе суспендираната 39-годишна Сузана Олен е снимена во едно разрушено гратче во Северна Рајна-Вестфалија. Целото маскирање на Олен е за прилог под наслов „Чистење по поплавите: Презентерка на РТЛ помага во Бад Минстерајфел.“

Вака маскирната репортерка без никаков проблем ќе минела, да не биле локалци кои ја снимиле како по лице и алишта се размачкува со кал пред да почне со снимање.

По бруката која пукна, РТЛ ја брише репортажата и ја суспендира Олен која исто така се извинува за „сериозната грешка.“

Објаснувањето на Олен е дека претходните денови помагала во расчистувањето во регионот, меѓутоа баш утрото кога била пред камера и било срам пред другите што помагаат да се појави скроз чиста, па „без размислување се извалкав на алиштата.“

23 јули 2021 - 15:43