Новите ревидирани препораки, за сега само препораки не и задолжителни наредби, се дека лицата што примиле две дози од вакцината сепак треба на затворено да носат маски во области во кои има „значителна“ или „висока“ стапка на ширење на вирусот.
„Изминативе денови добивме нови научни податоци од неодамнешната истрага кои покажуваат дека делта варијантата се однесува уникатно поразлично од минатите соеви на вирусот.
Овие нови научни податоци се загрижувачки и за жал бараат нашите препораки да се апдејтуваат,“ изјавил директорката на ЦДЦ, др. Рошел Валенски.
Од ЦДЦ исто така препорачуваат задолжително носење маски без разлика на стапката на заразени за сите наставници, персонал, ученици и посетители во училиштата. Валенски објаснува дека од есен треба да започне наставата со присуство во училиштата, но за тоа треба да се преземат соодветни стратегии за превенција и задолжително маскирање.
Директорката објаснува дека со алфа варијантата која била доминантна во САД во мај годинава, ЦДЦ сметало дека вакцинираните не можат да го пренесат коронавирусот ако се заразат, меѓутоа тоа се менува со делта варијантата.