Пет јавни истражувачки институти и девет лаборатории од Франција добија тримесечен мораториум за проучување на приони, еден вид погрешно замотани протеини кои предизвикуваат фатални мозочни болести, откако лабораториски работник кој работел со нив, бил дијагностициран со Кројфелд-Јакобсовата болест, најчестата прионска компликација кај луѓето. Во тек е истрага дали и колку неговата болест е поврзана со неговите работни ангажмани.
Ако е така, тоа ќе биде втор случај во земјата последниве години, бидејќи во јуни 2019 година, лабораториската техничарка Емилија Жумеин почина на 33 годишна возраст, десет години откако случајно се исекла на палецот работејќи со глушец заразен со приони. Нејзиното семејство сега ја тужи лабораторијата и институтот.
Досегашната истрага покажа дека овие инциденти не биле осамени и дека имало вкупно 17 случаи кога поради невнимание, лабораториските работници се довеле во опасност да бидат заразени. На глобално ниво, на проучување на приони се посветени околу 1.000 експерти.