Безос до НАСА: Да се договориме за Месечината

Доскорешниот извршен директор на Амазон на НАСА ѝ нуди две милијарди долари за да го вклучи во трката за повторно стигнување до Месечината. Да не биде само Маск. 

НАСА во април соопшти дека му нуди на Елон Маск и неговата СпејсИкс 2,9 милијарди долари да изгради летало за следниот екипаж астронаути кои ќе бидат дел од проектот Артемис, иако на почетокот беше најавено дека за проектот ќе се натпреваруваат повеќе компании.

Уште неспастрен од својот лет на работа на вселената, Џеф Безос јавно ѝ понуди на агенцијата две милијарди долари да се врати на својот првичен план како и неговата Блу Ориџин би се вклучила во натпреварот.

„НАСА треба да ја поддржи својата оригинална стратегија за компетитивност. Без тоа, лунарните амбиции на агенцијата ќе бидат одложувани, ќе чинат многу повеќе и тоа нема да биде во корист на националниот интерес,“ пиша Безос во отвореното писмо до НАСА.

За таа цел, Безос е подготвен оваа и наредните две фискални години на НАСА да ги помогне со две милијарди долари. ПО негова проценка, Блу Ориџин би можел да однесе луѓе на Месечината до 2024 година.

27 јули 2021 - 16:17