Кина сред најголемо избувнување на ковид-19 од Вухан

Нанкинг е новиот центар на епидемијата во Кина, од каде ковид-19 се прошири во пет провинции и во Пекинг.

Откако властите прв пат го идентификуваа вирусот на аеродормот во Нанкинг до сега се пријавени речиси 200 заразени. Веднаш сите летови од аеродормот беа суспендирани до средината на август.

Станува збор за 9-милионски град, во кој веднаш се почна со масовно тестирање кое треба да ги опфати сите жители.

Кинеските здравствени власти објаснуваат дека делта варијантата е виновна за новиот бран на заразени.

Според нив, вирусот потекнува од чистачи кои работеле на лет од Русија што пристигнал во Нанкинг на 10 јули. Наводно, чистачите не ги следеле строгите хигиенски препораки, заради што веднаш е укорен менаментот на аеродромот.

Здравствените експерти веруваат дека ситуацијата се уште е во рана фаза и може да се контролира.

За сега не се знае дали и колку од заразените биле вакцинирани.

30 јули 2021 - 13:03