По една песочна бура на 23-ти март бродот шест дена остана заглавен во Суецкиот канал при што блокираше значителен дел од светската трговија и по пат на глобално ниво разви дебата околу издржливоста на светскиот синџир на снабдување, и потребата од отворање на нови поморски рути.
Откако беше одглавен, бродот беше ставен во притвор се до 7-ми јули кога му беше дозволено да го продолжи патувањето. Во овие неколку месеци, во кои ни екипажот, ни производите не можеа да мрднат од бродот, се водеа преговорите меѓу јапонскиот сопственик на Евер гивен, Шоеи Кисен Каиша и египетските власти кои управуваат со каналот кои бараа отштета за изгубените приходи од блокирањето на каналот.
Бродот го продолжи својот пат откако Јапонците се согласија да ја исплатат оштета. Првично египетските власти бараа 916 милиони долари, за потоа да ја симнат сумата на 550 милиони долари. Крајната сума на која се имаат договорено двете страни не е откриена.
Евер гивен останува во Ротердам до понеделник, до кога треба да се растовари дел од стоката е што на него, во каква и да е состојба. Од таму заминува кон источниот брег на Англија, за на крај да се закотви во Франција, во Данкирк, за дополнителна инспекција.