Вести

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Армијата на САД вежба масовни погребувања војници

Инженерски единици на американската Армија повторно почнаа да обучуваат да копаат привремени масовни гробници на бојно поле, активност што ниту се практикувала ниту била потребна уште од Корејската војна во 1953 година. Низ обука поминуваат и свештеници. Целта е да се зачуваат телата на паднатите борци и достоинствено да се испратат со верски обреди. 

И дата-центрите изгубија на изборите во САД

Милијардерите од Силициумската долина се дупли губитници на изборите во САД. Не само што им „изгореа“ стотиците милиони долари што ги вложија во кампањите на републиканските кандидати, туку им на локално ниво им беа блокирани проекти за изградба на центри за податоци од кои долгорочно очекуваа приходи од милијарди долари.

Речник

Германија сака со златото и армијата на Полска да војува со Русија?

Слично како што нацистичка Германија ѝ го заплени златото и моќниот воено-индустриски комплекс на Чехословачка пред Втората светска војна, битката за Уставниот суд во Варшава отвора сомневања дека денешна Германија планира да ги преземе златните резерви на Полска и да ја стави под своја контрола нејзината армија во пресрет на можна војна со Русија до 2030 година.

Каде зариба медиумската машина на Вучиќ

Медиумите блиски до Вучиќ во предизборната кампања беа најгласни во печатените изданија и на телевизија, но ја изгубија битката бидејќи другата страна ја концентрираше својата активност таму каде што навистина е насочено вниманието на гласачите. Помладите гласачи, кои се и поактивни во дигиталната сфера, до информациите доаѓаа од социјалните платформи.

Јастребите ги соборија републиканците

По катастрофалниот пораз на републиканците на изборите за Конгресот, јастребите околу Доналд Трамп се стремат да го прикријат очигледното: претседателот и неговата партија го прекршија своето ветување за мир, започнаа лошо замислена војна со Иран и со тоа уште повеќе ја влошија кризата за која беа избрани да ја решат.

Трамп и Хегсет сакаат да ја закопаат вистината за убиството за децата од Минаб

Од сите ужаси што ги предизвикал Трамп, веројатно најужасниот е нападот училиштето во Минаб, во кој беа убиени 175 луѓе, претежно деца од основно училиште. Фактите се неоспорни – основното училиште бил директно погоден од проектили какви што имаат само САД. Но, Трамп и Хегсет сега отворено предупредуваат: „Вистината можеби никогаш нема да се дознае“.

ВИ за неколку месеци ќе може да осакатува влади и бизниси

Служби за кибернетска безбедност на пет западни влади во заедничко соопштение предупредуваат дека системите со ВИ веќе се доволно моќни да уриваат системи на влади и бизниси. Временската рамка се мери во месеци. И проблемот не е само Mythos на Антропик. Модели со слична моќ да разбиваат криптографски заштити имаат и фирми од Кина и Јапонија.

Војната заглавила 1.200 бродови во Ормускиот проток

Затворањето на Ормускиот проток поради војната во изминатите сто и кусур дена блокирало над 1.200 бродови натоварени со стоки во вредност над 125 милијарди долари, покажува извештај на осигурителната компанија Алијанц. Се уште се заглавени 300.000 контејнери и десетици илјади морнари од кои сопствениците на бродовите кренале раце.

Како може СЕКОЈ дел од светот да се загрева побрзо од СИТЕ други?

Европа се загрева побрзо од остатокот на светот. Канада се загрева побрзо од остатокот на светот. Авастралија се загрева побрзо од остатокот на светот. САД се загревааат побрзо од остатокот на светот. Кому да му се верува? На сите нив или никому? Не може секој дел од светот истовремено да биде полош од секој друг.

Европа ја купува иднината, Америка ја гради

Кога Америка и Европа ќе се соочат во дебата за БДП-то, исходот не е толку јасен како на фудбалски натпревар. Економистите знаат да исчекорат од економскиот терен во етнографијата. САД прашуваат: Ако Европа осиромашува, зошто се чувствува толку пријатно? Европа возвраќа: Американското предградие можеби нема шарм на средновековен град, но затоа е богато.

Хакери ги блокираа иранските банки

Само неколку дена откако САД му дозволија на Техеран да пристапи до 6 милијарди што му се замрзнати во странство, четири ирански банки вчера беа блокирани со кибернетски напад. Сомневањата водат кон Израел, кој настојува да го спречи финансирањето на Хезболах, а притоа да не остави траги дека ги минира американско-иранските мировни преговори.

Мнозинството Американци го сметаат Трамп за „опасен диктатор“

Расте бројот на Американци кои го сметаат актуелниот претстедател за опасен диктатор кој треба да биде спречен пред да направи некоја поголема беља од досегашните. За разлика од нив, Белата куќа е убедена дека тој веќе направил историски чекори за Америка и за светот. И покрај рекордно нискиот рејтинг на Трамп, кандидати кои тој ги поддржува убедливо победуваат. 

ЕУ да не се преправа дека ѝ функционира новиот граничен систем

Додека Брисел се прави наудрен, директорот на европската асоцијација на аеродромите го признава она што со недели ги фрустрира патниците што доаѓаат во ЕУ. Новиот граничен систем за проверка на патници не функционира. На терминалите се создаваат метежи, а патници пропуштаат летови иако доаѓаат и по четири часа порано на аеродромите. 

Како западната елита ја утна стратегијата за Русија

Западот ја доби Студената војна нудејќи подобар живот, полни супермаркети, рокенрол и нецензурирани книги, а не поради тоа што Русите им завидувале на цврстината на НАТО или на строго контролирање на мислите. Политичката елита сега нуди трајно обезбедувана ЕУ, отсечена од евтина руска енергија и суровини, пад на животниот стандард и бесконечни морални поуки.

Инвеститори пумпаат милијарди во индустријата за дронови

Ефикасноста на новото евтино оружје на боиштата во Украина и во Персискиот залив не само што темелно го промени начинот на војување, туку и предизвика револуција во одбранбената индустрија. И додека владите купуваат тенкови и авиони, инвеститори од ризични фондови вложуваат милијарди во стартапи што произведуваат автономни дронови и чамци.

Моќната алатка на Антропик ја проби заштитата на НСА

Администрацијата на Трамп ја забранила новата алатка со ВИ на Антропик откако директно сведочела како го пробива заштитниот систем на Агенцијата за национална безбедност на САД. Иако тестирањето било спроведено во строго ограничени услови, случајот отвори прашања дали е загрозена безбедноста на критичните агенции и дали властите можат да го запрат развојот на ВИ.

Кир Стармер, тиранија на сивилото

Кир Стармер пред две години влезе во Даунинг стрит кога неговите медиумски навивачи ветуваа ера на можеби здодевна но блажена. А оставија немири, поделби и напад врз древните слободи на англиската. „Наравоучение од Стармер? Никогаш не му верувајте на технократ“, пишува Брендан О' Нил.

Ја снимаат колата, читаат сè за патниците

Со години, владите ја уверуваа јавноста дека читачите на регистарски таблички не се ништо повеќе од алатки за откривање украдени возила и за ловење опасни криминалци. Камерите што ги снимаат табличките сега може да добијат сензори што ќе можат да ги идентификуваат возачите и патниците и да откријат сè за нив преку нивните мобилни телефони.

Договорот со Иран води кон поголем конфликт

Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање, САД и Иран не решија ниту едно од прашањата поради кои почна војната, туку само ги одложија за подоцна. Како и секоја спогодба за примирје, поставува основа за преговори. Во овој случај, најверојатниот исход не е трајно решение, туку насилен хаос, со повремени ограничени насилства.

Маката ги тера Французите да ги засакаат клима-уредите

Убедени дека разладувањето на домовите ја затоплува околината и го оптоварува семејниот буџет Французите беа спремни да трпат летни жештини без клима-уреди. Беше потребен силен топлотен бран од Африка за да почнат да се пресметаат и да сфатат дека можеби биле во заблуда. Нема да го спречат топењето на глечерите и нема да осиромашат ако почнат да се ладат.

Никој повеќе не се покорува на санкции

Иако ги „бомбардираат“ со економски и трговски блокади, САД сè потешко можат со нив да ја наметнат својата волја врз непокорните режими низ светот. Владите на Иран, Русија или Северна Кореја развија системи за заобиколување на санкциите, а понекогаш само се протнуваат низ дупките што намерно им се оставени. Ако некој страда, тоа е народот, а никогаш режимот.

Точниот момент кога Америка (и светот) забега

На линија на она што го збореше Рамбо Амадеус, дека во аналогните времиња, човек на шанк седеше со свои луѓе и не можеше туку така некој да им се трапоса, во контраст со денешните времиња кога секој секому може да му дојде во Фејсбук двор и да му баљезга. Стварно ќе беше подобро ако не ги запознавме оние кои толку успешно ги избегнувавме во вистинаскиот живот.  

Приватен ВАР ги снима навивачите на стадионите низ САД

Паралелно со камерите од ФИФА што ги снимаат фудбалерите од секој агол за да поправат судиски грешки, многу поголем систем од илјадници камери на приватна компанија ги снима десетиците илјади навивачи на трибините и архивира биометриски податоци. Нема строга контрола врз базата и нема контрола дали клиенти може да ги злоупотребуваат или да ги продаваат податоците.

Ердоган пробива нов поредок кон Исток

Турција го шири своето културно влијание во Централна Азија, а Кина инвестира во инфраструктурата во поранешните советски републики за да ги извлечат од влијанието на Москва. Европската Унија делува незаинтересирано, иако е главниот економски корисник и завршен западен терминал на новиот трговски коридор што се пробива до Европа.

Избор на ресторан според Фајнман: Три дена истражувај, четири дена уживај

Речиси половина век откако генијалниот физичар Ричард Фајнман ја начкртал на салфетка својата формула за оптимален избор на ресторан, научници ја потврдија нејзината математичка точност и ја провериле кај 2.500 луѓе. Формулата е само навидум тривијална, бидејќи е груб математички приказ на човечкото однесување и нуди оптимални решенија за најразлични ситуации.

Дојде време САД да се повлечат од Блискиот Исток

Трамп по потешкиот пат откри зошто никој претседател пред него не се осмелил да тргне во војна против Иран. Тие, за разлика од него, ги пресметале силите. Одбивајќи да го прифати поразот, Трамп вели дека САД ќе останат „чувари на Блискиот Исток“. Реалноста одговара дека ќе треба да направи уште нешто како ниту еден пред него: да ги повлече САД од Блискиот Исток.

Путин има проблем со чипови

Русија се гордее со долгата традиција на математичка и информатичка велесила. Но, поради војната во Украина веќе заостанува цела деценија зад САД и Кина во технолошката револуција за развој на ВИ. Иако прави обиди да ги задржи талентираните инженери, Русија нема доволно пари за развој на сопствена технологија и за хардверот што ја задвижува вештачката интелигенција.

Британските студенти имаат сè помал ќар од дипломите

Младите Британци што сега ги завршуваат студиите во текот на работниот век ќе заработат 10% помалку во споредба со генерацијата на своите родители. Потребно им е повеќе време за да ги вратат кредитите за студирањето, потешко можат да најдат работа, а ако најдат - платите ќе им растат побавно отколку на квалификуваните работници.

За тие што не веруваат во тајни друштва

Кога ќе се спомнат тајни друштва, дел од јавноста вели „Така е!“, а дел веднаш помислува дека се работи за уште една од бесмислените теории на заговор. Но, што кога ќе протече проверена информација дека еден милијадер има токму такво тајно друштво со многу моќни и влијателни луѓе во него и никој не ја оставил својата службена мејл адреса?