ЕУ да не се преправа дека ѝ функционира новиот граничен систем

Додека Брисел се прави наудрен, директорот на европската асоцијација на аеродромите го признава она што со недели ги фрустрира патниците што доаѓаат во ЕУ. Новиот граничен систем за проверка на патници не функционира. На терминалите се создаваат метежи, а патници пропуштаат летови иако доаѓаат и по четири часа порано на аеродромите. 

Политичарите треба да престанат да се преправаат дека EES функционира сосема добро. Не функционира, изјави Штефан Шулте, претседател на ACI Europe, европската гранка на Меѓународниот совет на аеродроми со седиште во Брисел.

Кога Европската Унија во април го воведе Системот за влез и излез (EES), објави дека дигиталната проверка на биометриските податоци на луѓето долгорочно ќе го олесни патувањето за граѓаните од земји што не се членки на ЕУ. Системот ги обврзува повеќето патници што не се од Европската економска зона да регистрираат биометриски податоци, вклучувајќи скенирања на лица и отпечатоци од прсти, кои потоа можат да се проверуваат секој пат кога ќе ги преминат границите на Шенген зоната за слободно патување.

Шулте оцени дека EES функционира добро само во некои во некои земји, но предизвикува метеж, нервоза и доцнења на многу аеродроми.

Патниците чекаат во ред со часови во време на шпиц во сообраќајот. Едноставно не знам како ќе можеме да се справиме во наредните недели со очекуваното зголемување на сообраќајот, изјави Шулте, кој воедно е главен директор  аеродромот во Франкфурт – еден од најголемите во Европа според годишниот број на патници.

Европската комисија дозволува EES да биде суспендиран „во одредени околности“ до септември. Но, Шулте вели дека владите мора да донесат одлука за суспендирање на системот, а не аеродромите, кои трпат последици исто како и патниците.

Итно ни е потребна целосна флексибилност. Властите контрола да го суспендираат EES секогаш кога е потребно за да се избегне понатамошен хаос. Треба и да се преиспитаат тие процеси, вели Шулте.

Тој додава и дека летниот бран патници трае многу подолго од почетокот на септември. Стриктното спроведување на мерките потоа би можело да предизвика „целосен колапс на системот“.

Треба да покажеме почит и пристојност кон оние кои одлучиле да патуваат во ЕУ и да го заштитиме угледот како гостопримлива и ефикасна дестинација, истакна шефот на единственото професионално здружение во светот кое ги претставува аеродромските оператори.

24 јуни 2026 - 08:47