Трамп и Хегсет сакаат да ја закопаат вистината за убиството за децата од Минаб

Од сите ужаси што ги предизвикал Трамп, веројатно најужасниот е нападот училиштето во Минаб, во кој беа убиени 175 луѓе, претежно деца од основно училиште. Фактите се неоспорни – основното училиште бил директно погоден од проектили какви што имаат само САД. Но, Трамп и Хегсет сега отворено предупредуваат: „Вистината можеби никогаш нема да се дознае“.

Додека се фалат со прецизноста и убиственоста на американското оружје, Трамп и неговиот министер за одбрана Пит Хегсет четири месеци отфрлаат одговорност за ракетниот напад врз училиштето во Минаб, уште на првиот ден од војната против Иран.

По огромниот притисок од јавноста, Пентагон отвори внатрешна истрага. Неофицијално истрагата завршила, но Трамп и Хегсет немаат намера да ги откријат деталите.

Не знам дали некогаш ќе го решат тој проблем, за тоа чија беше вината, изјави Трамп.

Тој го оцени нападот како „ужасен“, но уште од март негира дека американските сили ги испукале ракетите што го погодија училиштето. Прво тврдеше дека ја испукале Иранците. Откако на снимки се покажа дека врз училиштето удира американски проектил „томахавк“, а потоа уште еден, за да го потврди уништувањето на целта, Трамп изјави дека „такви ракети имаат и други земји“. Ниту една друга земја на која САД им продале такви ракети не беше вклучена во војната во Иран.

Потоа тој изјавуваше дека не знае доволно за нападот, дека истрагата е во тек, дека ќе ги прифати резултатите од истрагата и дека никој „намерно“ не го нападнал училиштето.

Имаше ракети што летаа насекаде. Некој рече дека тоа беше наша ракета, можеби не беше наша ракета, но не видов ништо што би ме навело да верувам дека беше... Не мислам дека бевме ние, изјави денеска Трамп.

Неофицијални извори запознаени со истрагата на Пентагон во март изјавија за Ројтерс дека првично била потврдена одговорноста за нападот. Командата наводно користела стари податоци, од времето кога целта во Минаб била воен капацитет на Иранската револуционерна гарда. САД не ги ажурирале податоците дека комплексот подоцна бил пренаменет во училиште.

Многу е ретко при воена операција да нема инциденти каде што имало погрешна цел и да биле повредени или убиени цивили. Во такви случаи постои систем за истрага, проценка на одговорноста и преземање одговорност. Се сомневам дека Пенгатон со Хегсет ќе го спроведе овој процес, изјави за Гардијан поранешен висок функционер од Министерството за одбрана.

Хегсет веќе затвори или го намали персоналот во одделенијата за преглед на воени инциденти во кои имало цивилни жртви. Министерот отворено најави дека нема да има строг надзор на инцидентите од борбени дејства.

Ако се потврди одговорноста на САД за нападот, Трамп и Хегсет ќе треба да одговараат за воени злосторства. Но, досега никој не одговарал за најкрвавите инциденти со цивилни жртви од минатите војни во САД – бомбардирањето на Мосул во 2017 година, во кое загинаа најмалку 105 цивили, воздушниот напад врз болницата во Кундуз во 2015 година, во кој загинаа 42 лица и бомбардирањето на засолништето во Амирија за време на операцијата Пустинска бура во 1991 година, во кое загинаа повеќе од 400 ирачки цивили.

Верувам дека Хегсет и Трамп ќе сторат сè што можат за да ја потиснат оваа истрага. Дури и ако навистина постои, истрагата нема да излезе на виделина, освен ако не се појави храбар информатор, изјави Вес Брајант, поранешен началник на одделението за проценки на цивилни штети во Пентагон.

******

Види и: Штета што не веруваме во пеколот
Истрага ја потврдува одговорноста на САД за нападот врз училиштето во Иран

25 јуни 2026 - 08:08