Кир Стармер, тиранија на сивилото

Кир Стармер пред две години влезе во Даунинг стрит кога неговите медиумски навивачи ветуваа ера на можеби здодевна но блажена. А оставија немири, поделби и напад врз древните слободи на англиската. „Наравоучение од Стармер? Никогаш не му верувајте на технократ“, пишува Брендан О' Нил.

Уредникот на Спајкд вели дека малку солзи ќе има по блуткавото премиерствување на Стармер. Дека ќе биде запаметен како адвокат за човекови права кој се нафрли на светото право на судење пред порота. Самопрогласен обожавател на компетентност кој беше зачудувачки некомпетентен. Човек со висока работна етика кој често се исклучуваше цел викенд, оставајќи ги министрите збунети, а нацијата без лидер.

„Стармер беше илузија. Холограм на компетентност управуван од армија од неспособни“.

Оние што медиумски го поддржуваа, неговата здодевноста и недостаток на харизма ги претставија како доблест.

„Проектот Стармер, во основа, беше некрвав удар на бирократска одмазда. Тоа беше институционализација на досадата како противотров за духот на Брегзит. Дрдоречките класи се восхитуваа на безживотниот, безвкусен стил на Стармер затоа што беше  олеснување од непредвидливите страсти на малите луѓе. Тоа беше политика како апарат за гаснење пожар, дизајнирана помалку да ги претставува луѓето туку да ги скротува, помалку да ги слуша лутите барања а повеќе да ги закопа под куп менаџеризам“.

Далеку од тоа да биде „рај на мирот и стабилноста“, Британија на Стармер стана жариште на социјални конфликти. Имаше немири во Саутпорт, немири во Саутхемптон, немири во Белфаст. Имаше жестоко несогласување околу двојуните аршини на полицијата и идентитетските политики. Знамето на Англија се креваше низ цела земја во знак на пркос на надмениот европеизам. Бесот поради пропусните граници експлодираше во улични протести.

Стармер стана најнепопуларниот премиер досега. Сè што правеше беше за „спуштање на температурата“ на јавноста. Сакаше да ја неутрализира самата политичка борба за да може митската компетентност од негов ков да ужива во слобода. 

„И сега го имаме премиерот Енди Бернам. Елитите сакаат тој да го направи она што Стармер не успеа: да го смири „хаосот“ на обновениот демократски дух на Британија. Ништо не научија. Десет години од Брегзит, а ние сè уште сме натоварени од класа експерти кои се зачудувачки глупави“, пишува О'Нил.

23 јуни 2026 - 12:41