Француска блокада за санкциите од ЕУ за Русија
15 септември 2026
- Европската Унија беше принудена да ги продолжи постоечките санкции за Русија за само седум дена, наместо за вообичаените шест месеци, откако Франција и Словачка инсистираа да бидат укинати мерките против руско-узбекистанскиот милијардер Алишер Усманов.
- На „црниот список“ на ЕУ за Русија се 3.000 поединци и субјекти. Потребна е согласност од сите 27 земји-членки за продолжување на половина година.
- ЕУ уште во 2022 година воведе забрана за визи и му го замрзна имотот на металуршкиот тајкун Усманов поради неговите „особено блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин“.
- „Сакаме позитивно да одговориме на нашите меѓународни партнери кои ни се обраќаат во врска со Усманов“, изјави неименуван француски дипломат за Euobserver.
- За бришење на Усманов од списокот лобираат Азербејџан, Турција и Узбекистан. Реџеп Таип Ердоган го опишува како „филантроп кој промовира отворање на земјите од Централна Азија кон Западот“. Париз, во исто време, бара од Азербејџан да го ослободи францускиот бизнисмен Мартин Рајан, притворен под обвинеие за шпионажа.