Џон Клиз на тапет зашто се закача со исламот

Легендата на „Монти Пајтон“, Џон Клиз, нагазува уште повеќе на тема ислам откако активисти поднесоа жалба со која побараа од британската програма за борба против радикализацијата да се испита случајот поради неговите ставови. Сите на кои им пречат неговите критики на исламот, Клиз ги потсетува да видат како беше третирано христијанството од него и другите монтитпајтоновци. 

„Колку возбудливо“, напиша 86-годишниот комичар откако дозна дека тој како предмет стигнал до британската владина програма „Превент“, дизајнирана да интервенира кога властите веруваат дека некој може да биде подложен на радикализација или да се вклучи во тероризам.

Клиз се обвинува дека одржува модел на онлајн активност што „демонизира, дехуманизира и колективно им припишува насилство и криминал на муслиманите и исламот“. Кодошите се убедени дека неговата реторика може да придонесе за радикализација, тензии меѓу заедниците и инциденти поврзани со омраза. 

Клиз се цитира дека исламот го опишал како „религија на педофили“, го смета за „култура чија света книга се залага за убивање на сите луѓе со кои не се согласуваат“ и има нафрлено дека како религиозни практики, се изведуваат варварски обичаи во околу 60 муслимански земји. 

„Сè е ова добар материјал за комедија, ако имате чувство за хумор“, враќа монтипајтоновецот, отфрлајќи ги обвинувањата дека неговата критика претставува омраза кон муслиманите.

Наместо тоа, себе се опишува како „исламоскептик“ и порачува дека учењата и практиките на исламот треба да бидат отворени за потсмев исто како што христијанството беше третирано од Монти Пајтон во „Животот на Брајан“.

„Критиката кон исламот не е расистичка туку културолошка“, смета Џон Клиз.

 

5 октомври 2026 - 12:45