САД признаа дека имаат оружје во вселената
15 септември 2026
- САД првпат официјално потврдија дека имаат поставено оружје во вселената.
- „Oружјето е лоцирано во орбита околу Земјата за да ги брани американските сили од непрјателски дејства“, изјави секретарот на Военото воздухопловство, Трој Мејнк. Не кажа детали.
- Вооружувањето на вселената поттикна глобална загриженост уште откако СССР во 1957 година го лансираше „Спутњик“ - првиот сателит во орбита. Со договор од 1967 година беше забрането поставување оружје за масовно уништување во орбитата.
- САД, Русија и Кина истражуваат можности надвор од рамките на тој договор за напади врз сателити, кои се од клучно значење за воените комуникации, надзорот и навигацијата.
- Вселенските сили на САД, формирани во 2019 година, лани објавија рамка за вселенско војување, во која се дефинирани „контравселенски операции“ – електромагнетни или кибернетски напади врз сателити и комуникации.