Во Хрватска ќе ги закопуваат „по американски“
15 септември 2026
- Во Мурско Средишќе, најсеверниот хрватски град, се воведува тн. американски начин на закоп кај кој, наместо класичен надгробен споменик, се поставува рамна плоча а остатокот од површината се покрива со трева која ќе ја одржува локално погребно претпријатие.
- Ако се покаже доволен интерес, некои гробишта нема да мора да се прошируваат бидејќи на овој начин се штеди на простор.
- И за семејствата е поевтино, поради кратење на трошоците за поставување голем надгробен споменик и негово одржување.
- За првите купци понудиле и 10 посто попуст.