Како може СЕКОЈ дел од светот да се загрева побрзо од СИТЕ други?

Европа се загрева побрзо од остатокот на светот. Канада се загрева побрзо од остатокот на светот. Авастралија се загрева побрзо од остатокот на светот. САД се загревааат побрзо од остатокот на светот. Кому да му се верува? На сите нив или никому? Не може секој дел од светот истовремено да биде полош од секој друг.

Зошто Европа е континентот што се загрева најбрзо?

Така гласеше наслов на статијата објавена на 28 мај од од Хрватската новинска агенција која се повикуваше на Мери Бурк, професорка по географија од Даблин и метеорологот Грег Дјухерст.

„Додека Земјата се загреала во просек за 1,4°C од прединдустриската ера, Европа се загреала за 2,4°C, според податоците од климатската служба Коперник на ЕУ“, се наведува во статијата.

Не помина ни еден месец, а медиумите објавија нова статија - со само малку изменети наслови: Зошто Европа се затоплува толку побрзо од остатокот од светот?

Бидејќи кога пропагандата не функционира од прва, мора да се повторува додека на луѓето не им преседне. Тоа е познатиот метод на Гебелс. 

Со оглед на тоа што Европската Унија е шампион во „вложувања“ (читај: трошења) за борба против климатските промени, секоја интелигентна личност би се запрашала за целисходноста на таквата политика. Бидејќи ако по милијарди евра инвестиции за забавување на климатските промени тие фактички се забрзале, тоа би значело дека државата баш и нема моќ да влијае на климатските промени.

Новинарите и нивните омилени научници, се разбира, нема да дојдат до таков заклучок. Токму спротивното - ќе заклучат дека „не се работи доволно“ и дека државата треба уште повеќе да вложува (читај: троши) и да воведе уште повеќе забрани и регулативи за да ја скроти климата. 

Сето тоа е точно истиот образец што веќе имавме можност да го видиме неодамна за време на Коронафестот. Истите методи за заплашување на јавноста, истите актери, истите нелогични заклучоци. И секогаш истата цел - да се создаде паника и конфузија за да може да се оправда што е можно поголемо извлекување на јавните пари.

Она што е уште поинтересно - секој континент, секој регион ја има истата приказна.

На пример, азиското издание на Бизнис Стандард неодамна објави дека Азија се затоплува „побрзо од остатокот од светот“.

Тие се повикуваат на Светската метеоролошка организација и нејзиното мерење на температурата од 1990-тите до денес. ОН се согласува со нив.

Но, канадските експерти не би се согласиле.  Тие пред две години објавија дека Канада се затоплува „двојно побрзо од остатокот од светот“.

И Австралија има свој коњ за трка. Нивните климатски научници тврдат дека тој континент се затоплува „1,4 пати побрзо од глобалниот просек“.

Гардијан пред две години објави: „Науката не може да се побие. САД се загреваат побрзо од светскиот просек“.

Методите за алармирање се толку слични што сите како да работат по ист шаблон. Во Гугл впишете некој континент или географски регион и реченицата „warming faster than the rest of the world"“ и веројатно ќе добиете новинарски па дури и научни статии со таков наслов.

Кому да му се верува? На сите нив или никому? Не може секој дел од светот истовремено да биде полош од секој друг.

Тоа најмногу зборува за квалитетот на науката за климатските промени. Тоа се шарлатани кои си играат со статистички податоци, избирајќи го точно оној временски интервал кој им е потребен за да ја потврдат својата однапред подготвена теза. Ваквите научници и новинари служат како евтини копачи на канали за политичарите и нивните партнери во корпоративниот сектор, кои ќе го земат најголемиот дел од колачот од секоја нова милијарда што државата ќе ја издвои за оваа намена.

Само Африка ми е интересна. Причината е едноставна - таму нема богати земји што би можеле да бидат опљачкани“, пишува Марио Накиќ.

24 јуни 2026 - 13:35