Мнозинството Американци го сметаат Трамп за „опасен диктатор“

Расте бројот на Американци кои го сметаат актуелниот претстедател за опасен диктатор кој треба да биде спречен пред да направи некоја поголема беља од досегашните. За разлика од нив, Белата куќа е убедена дека тој веќе направил историски чекори за Америка и за светот. И покрај рекордно нискиот рејтинг на Трамп, кандидати кои тој ги поддржува убедливо победуваат. 

Според најнова анкета на еден американски институт (The Public Religion Research Institute), бројот на Американци кои го сметаат претседателот за диктатор е зголемен во споредба со претходна анкета спроведена во март.

Анкетата била спроведена на 5.469 возрасни лица кои живеат во сите 50 држави и открива дека 59% од испитаниците сметаат дека претседателот „е опасен диктатор чија моќ треба да биде ограничена пред да ја уништи американската демократија“.

Во март така мислеле 52% од испитаниците.

Замолена за коментар, Белата куќа соопштила дека единствено релевантна анкета за нив е онаа од последните избори кога Трамп беше избран за претседател. Додале дека е јасно дека Трамп веќе направил историски прогрес не само за својата земја туку и за светот.

Друга анкета (Marquette Law School) покажала дека рејтингот на актуелниот претседател е паднат на рекордно ниско ниво од 38%.

И покрај ова, кандидатите поддржани од Трамп продолжуваат убедливо да победуваат на прелиминарните избори против други републикански претседатели во држави, како што беше во Индијана, Луизијана, Кентаки и Тексас. Огромни 71% од републиканците рекле дека би поддржале кандидат поддржан од Трамп.

 

24 јуни 2026 - 09:21