Некаде околу 2012 година, кога паметните телефони станаа сеприсутни, се регистрира значително зголемување на бројот на луѓе кои сметаат дека Америка е на погрешен пат и дека расизмот и сексизмот се значително полоши отколку што биле само една година претходно. Истовремено, се забележува и голем пораст на менталните болести.
Во Сабстек текстот „Социјалните медиуми уништија една од клучните предности на Америка“, економскиот блогер Ноа Смит објаснува зошто е тоа така: оваа технолошка промена ги проби географските тампони.
„Хипик во Оукленд и реднек во предградијата на Хјустон, двајцата фундаментално чувствуваа дека се дел од истата обединета нација. Таа нација им изгледаше многу различно на луѓето на различни места: Калифорнијците мислеа дека Америка е Калифорнија, а Тексашаните мислеа дека Америка е Тексас, и ова генерално ѝ дозволуваше на Америка да функционира“.
Но, социјалните медиуми одеднаш го фрлија секој Американец во мала соба со сите други Американци. Децении поминати во макотрпно бегање едни од други и создавање идеолошки фрагментирана крпеница по географски линии се урнаа преку ноќ и географијата одеднаш престана да посредува во секојдневната дискусија за политиката и културата.
Луѓето открија дека „Пеколот, тоа се другите луѓе.“
Конзервативците одеднаш открија дека многу Американци го презираат христијанството или ги сметаат белците виновни за системска дискриминација. Секој прогресивен студент одеднаш сфати од каде им се лажните вести што ги шират неговите баба и дедо.
„Звучи цинично да се мисли дека Америка ќе беше подобро место ако луѓето помалку се познаваа со оние кои мислат поинаку од нив, но можеби е баш така, ако се погледне како се одвиваа работите последните 15 години. Ставањето на Американците во ринг со другите ги прави сите да се чувствуваат нападнати... а борбата никогаш не завршува“, пишува Ноа Смит.
Работата дополнително ја влошува воведувањето на копчињата „Like“ и „Share“.
Тие не само што ги охрабриja луѓето да создаваат содржина со која нивната публика се согласува (со што се создаваат ехо комори) туку и да стојат зад објави кои предизвикуваат гнев кој пак, алгоритмите го претвораат во виралност која пак, е главното гориво на маркетингот тоест парите.

*******
Види и:
Мет Волш: Точниот момент кога културата умре