Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Карни се заблагодари на поканата од ЕУ

17 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Премиерот Марк Карни ја поздрави поканата неговата земја да биде „придружна членка“ на ЕУ, но се воздржа отворено да ја прифати пред да завршат консултациите за формата за уникатното партнерство.
  • „Ја поздравуваме оваа амбиција“, изјави Карни во говор пред Европскиот парламент.
  • Канадскиот премиер се обиде да ја смири загриженоста на Доналд Трамп, кој се закани со трговска блокада на Европа ако процени дека новиот сојуз претставува непријателски чин за САД.

  • „Не предлагам создавање трет блок за да станеме ривал на големите сили, само со подобри манири... Не бараме моќ за да доминираме над другите. Напротив, се стремиме кон отпорност за да не може никој да ги контролира нашите отворени пазари, да ја наруши нашата сувереност, да се заканува на нашиот територијален интегритет или да ги поткопува нашите слободи, нашите демократии и владеењето на правото“, порача Карни.
  • На провокативните извици: „Ју-ес-еј!, Ју-ес-еј!“ во Европскиот парламент одговори со насмевка.

извор

За нападите врз македонските деца во Тетово можат кривично да одговараат директори на школи, педагози и психолози

5 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Тетовските улици не се безбедни за децата Македонци последниве недели, тие се напаѓани од врсници до 14 години кои не подлежат на кривична одговорност, а нападите и малтретирањата притоа се снимаат и се објавуваат на ТикТок, на групите „Каурски пички“, „Балисти“ и други, пишува СДК.
  • Родителите на тепаните деца се револтирани, велат дека нападите се брутални и оставаат последици, па затоа ако треба да излезат некаде, тие ги придружуваат. Велат бандите им се втуруваат пешки на нивните деца, односно со трчање, или на електрични тротинети. Обично фаќаат едно, другите ги оставаат да избегаат. Тепаат-снимаат-бегаат. Тоа се случува претежно дење во период на настава, односно на голем одмор, но и попладне.

  • Најчесто машки деца на 13-14-годишна возраст напаѓаат година-две помали соученици или деца од некое друго школо, но родители сведочат дека пресретнато било и девојче, кое од напаѓачите било натерано да каже: „Јас сум балистка“.

  • „По нападот го смирувавме дома детево, тоа беше многу вознемирено. Уште е и тоа го покажува ноќе, кога спие. Седевме дома и му се јави другар: ‘Еј брат, те има на Антикаури, на ТикТок’. Во деновите што следеа го викнаа син ми на препознавање и тој ги препозна тепачите и снимателот. Беа ученици-Албанци од неговото училиште. Од исто место храна си купуваат, се знае кои се, а од полиција ни рекоа не можеле ИП-адресите да им ги најдат“, сведочи родителка.

извор

60 посто од сите возрасни во Парагвај останаа без пари

5 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Над три милиони луѓе (60% од возрасната популација на земјата) останаа без опна што го имаат во банка, откако поради несолвентност, преку ноќ затвори банката Уено.
  • Банкарски сметки, плати, пензии... замрзнати и недостапни а луѓе излегоа на улици за да протестираат.
  • Осум директори на банката, вклучително и основачот и претседателот на банката се притворени а првиот човек на парагвајската централна банка, Карлос Каваљо, длабоко поврзан со Уено, поднесе оставка.
  • Уено сега е под шепа на централната банка а Сенатот на Парагвај предложи клиентите на банката „Уено“ да добијат аванс во висина до 40 минимални плати. Според постојниот закон, оштетени банкарски клиенти се обештетуваат со 75 минимални плати.
  • Уено беше ставена под принудна управа откако солвентноста, од минимумот од 12% падна на 5,6%.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Македонски колбас со ајвар

Разно
2

На Шиц по четири седишта му чуваат за Вардар, и Червар му крева рака

Навивачи
3

Бојан Трифуновски им го кажа

Разно
4

Јапонија бара резервен главен град

Свет
5

Се очекува стампедо

Балканштина
6

Јастребите ги соборија републиканците

Мислења
7

ТВ дуел какви веќе нема

Медиуми
8

Кога прерано ќе биде напишан говорот

Балканштина
1

Јапонија бара резервен главен град

Свет
2

Јастребите ги соборија републиканците

Мислења
3

Нетанјаху може да почне да се пакува

4

Германија сака со златото и армијата на Полска да војува со Русија?

Свет
5

Каде зариба медиумската машина на Вучиќ

Балкан
6

60 посто од сите возрасни во Парагвај останаа без пари

7

Германија толерира 200.000 нелегални мигранти

Свет
8

Пропаѓа договорот на Трамп за руски дизел?

* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

ТВ дуел какви веќе нема

Медиуми

Еуфемизам на денот

Балканштина

Кога прерано ќе биде напишан говорот

Балканштина

Се очекува стампедо

Разно

Јаки духови, јаки расположенија

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Утринска песна за шампиони

Ефтов Влахов Мицов Интераптус

Како СССР ги решаваше проблемите со заложници

Рокенрол тривија

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy