Меркел: Бил Гејтс го уценуваше светот со вакцините

Во задоцнето, но невообичаено искрено признание, поранешната германска канцеларка Ангела Меркел го опиша застрашувачкото влијание што милијардерот Бил Гејтс го имал врз демократски избраните влади ширум светот. Користејќи ја моќта на финансиска принуда, Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс го претворила глобалното здравство во сопствен феуд.

Поранешната лидерка на најмоќната европска економија вели дека Бил Гејтс во најмала рака ѝ бил рамен на светската сцена, иако дејствувал во заднината без никаков институционален или политички легитимитет. Моќта му ја давале огромните средства во времето кога основачот на Микрософт беше најбогатиот човек на планетата. 

Во тоа време неговата фондација имала на располагање повеќе пари од буџетите за развој на големите индустриски земји.

Одеднаш, секој шеф на влада во светот го пречекуваше барем толку срдечно колку што мене ме пречекуваа, вели Меркел.

Неговата моќ да врши морален притисок преку пари врз владите Меркел ја оцени дека „застрашувачка“. Ако Германија или некоја друга земја не ги уплатела сумите што тој ги барал за меѓународните алијанси за вакцини, Гејтс не се двоумел јавно да дејствува против нив.

Тој тогаш имаше моќ да врши морален притисок благодарение на парите. Ако Германија не придонесуваше доволно за Алијансата за вакцини (GAVI), веднаш нè оцрнуваше. На африканските лидери им кажуваше „Меркел беше штедлива оваа година.“ И со тоа стекна голема моќ, кажа Меркел во подкастот на „Мекел и Матес“.

За неа лично најзагрижувачка била опсесивната посветеност на Гејтс кон глобалните здравствени програми, особено кон масовните вакцинации.

Кога канцеларката директно му предложила други глобални приоритети за неговата фондација - како зајакнување на образованието во сиромашните земји - Гејтс ја отфрлил идејата со образложение дека во образованието е „многу, многу потешко да се постигне мерливи резултати“, за разлика од вакцинирањето.

17 септември 2026 - 08:39