Вести

Мигрантите ја прекроија политичката карта на Германија

Неодамнешните регионални избори покажаа како миграцијата ја променила политичката карта на Германија. Натурализираните дојденци, кои годинава прв пат имаа право на глас, ги издвоија Берлин и Истокот во два посебни и спротивставени света. Тоа беше видливо и во кампањата, во која дури и социјалдемократите понудија манифест на четири странски јазици.

Патна карта на Римската Империја:

Сите патишта воделе до - Цариград

Многу од денешните сообраќајни артерии низ Европа се изградени врз патиштата изградени од Римјаните. Анализа на досега најтемелното дигитално мапирање на патната карта од пред 2.000 години покажува дека Рим всушност бил далеку од главниот коридор во античката сообраќајна мрежа. Многу поважни јазли биле Византион, Антиохија, Коринт и Анкира.

Трамп и Си ги спојува магнетна врска

Кинескиот претседател пристигна на самит во Белата куќа вооружен со моќно оружје – доминацијата во синџирот на производство на ретки минерали. САД не можат да најдат алтернатива за кинеските магнети, кои се клучни за воената индустрија, па Трамп е под притисок да прифаќа отстапки на другите отворени теми и да го продолжи трговското примирје со Пекинг.

Речник

Швеѓаните ќе прегласуваат поради изборна измама?

Истрага за измама може да го промени победникот на парламентарните избори во Шведска. Натурализиран сомалиски имигрант кој освоил пратеничко место како кандидат на левицата е осомничен дека им плаќал на гласачи и им делел ливчиња на кои веќе е заокружено неговото име. Ако биде потврдена измамата, Швеѓаните првпат во историјата ќе мораат да прегласуваат.

За пцуење во Грузија се оди во затвор

Судовите низ Грузија се полнат со „безобразници“ откако властите со закон го забранија пцуењето по интернет како дел од кампањата за прочистување на политичката клима во Грузија од токсични поделби. Премиерот ги прогласи вербалното навредување за „оружје што политичките непријатели го користат за дестабилизација на земјата“.

Во доба на роботаксија, Убер се обложува на луѓе 

Убер вложува милијарди во новите автомобили без возачи, но верува дека клучниот фактор за економска исплатливост е да го зголеми бројот на возачи. Компанијата пресметала дека хибридна мрежа во која се вклучени луѓе може да ја зголеми зафатеноста на автономните возила што би носело поголем профит отколку флота составени исклучиво од роботаксија.

Како започна војната на мојот Инстаграм

На социјалните мрежи лесно им беше да удираат сатар и да цензурираат околу војната во Украина, откако Запад консензуално ја прогласи Русија и Русите за единствени кабаетлии. По инерција, истото го пробаа и со содржините поврзани со изралеско-палестинската војна, ама тонч - тука ситуацијата е малку покомплицирана во поглед на тоа кој е добриот а кој лошиот.

Хамас и Нетанјаху се од иста

Да, сакаат тие да го сотрат оној другиот и притоа не прашуваат за цехот, само што со децении меѓу нив постоеше плодна кохабитација. Ваков Израел му требаше на Хамас за да покаже дека умереноста на оние од Западниот брег не врши работа, а Нетанјаху знаеше дека сè додека постои Хамас, ќе има изговор дека нема со кого да прави мир. 

Замрзнатите руски пари донесоа 3 милијарди евра за 9 месеци

Еуроклиар, белгиската компанија што ги чува замрзнатите руски милијарди, објави дека руското купче пари од јануари до септември годинава се зголемило за 3 милијарди благодарејќи на покачените каматни стапки, што е околу 10 пати повеќе од истиот период лани кога сумата порасна за некои си 347 милиони евра.

Германците се зафатија со егзистенцијалните прашања за државата

Германски студенти деновиве гласаа околу едно од најгорливите прашања што ги тангира во 2023: дали во јавните тоалети во еден тамошен универзитет треба да се постават „глори-холс“ за анонимен секс.

Какви се плановите на Израел за луѓето од Газа?

Кратко кажано: да ги нема. Израелското министерство за разузнавање изготвило таен документ во кој се скицира што треба, во неколку фази да се прави со палестинското население од Газа. Ок, да ги има, само не во Газа, туку во северен Синај. Како оваа идеја ќе ја избегне квалификацијата дека се работи за класично етничко чистење, ваљда попат ќе смислат Американците.   

Блинкен барал луѓе за да ја стишат Ал-Џезира

Американскиот министер за надворешни работи, Ентони Блинкен, за време на посетата на Доха, побарал од катарскиот премиер новинската мрежа Ал-Џезира „да го стиши малку“ покривањето на војната во Израел.

„Сунѓер бомби“ тајното оружје на Израел за тунелите на Хамас

Веројатно едно од најхуманите оружја што Израел ќе ги употреби во војната против Хамас и нивните тунели ќе бидат „сунѓер бомбите“ чија главна намена ќе биде да ги затнуваат подземните премини што ги користат палестинските борци.

Кинеските научници пак чепкаат по вируси

Работејќи со примероци од глодари собрани само од  јужниот кинески остров Хајнан, кинеските научници успеале да откријат 8 вируси кои до сега не сме ни знаеле дека постојат, од кои еден е од исто семејство со ковид.

Арапскиот свет ги сака Палестинците, платонски

Арапскиот свет е едногласен во поддршката за своите браќа и сестри во Палестина. Да, ама на зборови. Истите тие после ќе речат, нема да ги отвориме границите и нема да примаме бегалци од Газа. А можеа и претходно да направат нешто за нив, да запнат и да ги извадат од сиромаштија и беда. Парите што му се даваа на Хамас очигледно отидoa за други работи. 

Романија е следна ЕУ главоболка околу Украина

Зеленски го откажа говорот во романскиот парламент бидејќи тамошните опозиционери најавија дека ќе го реметат. А тие водат на анкети и имаат вртоглав пораст на поддршката. Ставот на Орбан е познат а Словачка ја откажа воената помош за Украина па Романија е следниот предизвик за позицијата на ЕУ. Само што Романија е многу поважна.

Електричните коли дигаат рачна

Соочени со растечки залихи и забавување на продажбата, битни директори од автомобилската индустрија неделава признаа дека не испаднало дека „струја ќе ни оди работата“ и дека нивните планови за електрични возила се покажале како преамбициозни, барем во догледно време. Скоро сите електрични денес се продаваат со попусти, ама и натаму тешко се продаваат.

Новите симптоми на новиот ковид

Четири години по првиот случај, коронавирусот си го живее својот живот, постојано мутирајќи за да обезбеди свој опстанок. Сега на сцена се две варијанти кои, покрај оние веќе познатите, додале нови симптоми на нивно присуство. Во меѓувреме, американска студија утврди дека вакцинираните деца и млади, го шират вирусот во период ист како и другите. 

Прегледување на видеото од нападот на болницата во Газа

Њујорк тајмс седнува и од ново го гледа видеото што израелски и американски високи функционери го наведуваат како клучен доказ дека смртоносната експлозија во болницата Ал-Ахли Араб е дело на залутана палестинска ракета. И не се баш сигурни во официјалната верзија.

Жена судски напудила од дома мрцини што ѝ се синови

Процентот на возрасни Италијанци кои сè уште живеат со своите родители традиционално е висок, но една мајка била принудена да преземе драстични мерки откако нејзините два сина - говеда со по 40 и кусур години - упорно одбивале да ги напуштат удопствата на семејниот дом. На нејзина среќа, се погодила судијка.

Германија води во нејќење црнци во ЕУ

На црнците кои живеат во Европската Унија, третманот не само што не им се подобрува туку им се влошува. Расисмот кон нив е во пораст последниве години е една третина годинава биле мета на некаква расна дискриминација. Освен во Германија и Австрија, каде бројките се двојно поголеми. Плус сиромаштија.

Авдивка и скршениот руски морал

Војната во Украина беше шокантна и потресна за целосната западна јавност која изминативе три генерации нема видено војување на ова ниво. Таа гледа измачувачка, убиствена бруталност во која мажи влегуваат во борба, претрпуваат тешки загуби, и потоа преживеаните - по краток одмор, ако имаат среќа - се повторно вратени во борба, и повторно и повторно се додека војниците почнат да веруваат дека смртта е сигурна.

50 израелски заложници веќе се мртви

До сега се убиени околу 50 луѓе од заложниците што Хамас ги киднапираше на 7 октомври, но не од нив туку од израелските воздушни напади на Газа, објавија Ал Касам бригадите на Телеграм. Хамас во нападот киднапираше најмалку 220 израелски државјани.

Ќе отвора ли Запад втор фронт на левото руско крило?

Апсење на американски оперативци за промени на режими во Тбилиси, сугерира дека можеби се готви пуч на владата на Грузија, што би бил круна на најновата шарена револуција, некаков Мајдан 2.0. Како што украинската контра-офанзива доживува неуспех, Запад се чини нетрпелив да отвори втор фронт во својата прокси-војна. Инаку, што би правел Канвас во Грузија?

Блек рок бараат потпретседател во Србија

“Блек Рок е најмоќниот концерн на светот за кој никој не слушнал“, напиша своевремено германската новинарка Хајке Бухтер за овој неформален владетел на светот. Во Србија влегоа тивко, деновиве вработуваат а опозицијата ја имаше фатено уплав дека се имаат намерачено да го откупат јавниот долг, за што земјата би ги заложила своите природни богатства.

Синалоа картелот забрани производство на фентанил

Се работи за водечкиот извозник на фентанил во САД, кој по наредба на Чапитос групата (предводена од четворицата синови на Ел Чапо) во иднина не смее ниту да произведува ниту да шверцува од крајно смртоносната дрога.

Хамас: Кабел си е кабел

Ќелијата на Хамас што го организираше најсмртоносниот напад на Израел цели две години успеала да му се скрие на израелското разузнавање комуницирајќи преку мрежа од жичани телефони поставени низ нивните тунели под Газа.

Раштиманата листа на Ролинг Стоун

Да треба да одбереш тројца најдобри гитаристи на сите времиња, изборот сигурно ќе наиде на мрчење на други, пошто си пропуштил некој од нивните фаворити. Исто би било и со пет или десет, дури и сам ќе ти биде криво што пропушташ некого. Ама да направиш листа од 250 ликови и пак толку дебело да утнеш? 

Израел реши да не им даде виза на ОН додека Гутереш не реши да го осуди Хамас

Затоа што Гутереш во својата реакција на Израел му изгледал како да го оправдува бруталниот напад на Хамас, државата одлучи дека ниту еден функционер на Обединетите нации нема да добие виза за да стапне на израелска земја.

Убиството на Дугина и тајната војна на украинските шпиони против Русија

Возило со жена, 12-годишно девојче и мачка во транспортер во јули 2022 од Естонија влегуваат во Русија. Според досега необјавено сведоштво што го пренесува Вашингтон пост, во транспортерот освен мачка има скриено и непознато количество експлозив. Истиот овој експлозив на 20 август 2022 требаше да биде искористен за убивање на Александар Дугин. Наместо него, беше убиена ќерка му, Дарја.