Новите симптоми на новиот ковид

Четири години по првиот случај, коронавирусот си го живее својот живот, постојано мутирајќи за да обезбеди свој опстанок. Сега на сцена се две варијанти кои, покрај оние веќе познатите, додале нови симптоми на нивно присуство. Во меѓувреме, американска студија утврди дека вакцинираните деца и млади, го шират вирусот во период ист како и другите. 

На терен се варијантите Пирола (BA.2.86) и Ерис (EG.5.1) кои се шират доста брзо, особено Пирола која се чини полесно пренослива од сите други досегашни мутации на коронавирусот. Тоа не е единствената специфика која ја разликува BA.2.86 од другите - таа носи и некои невообичаени симптоми.

Покрај типичните симптоми на болки во екстремитетите, болки во грлото, треска и кивање, главоболката од Пирола може да биде особено  интензивна и да помогне да се разликува од грип и слично.

Она што досега е документирано како екстра симптоми се црвени и болни прсти (на раце и нозе), дијареа, чешање и црвени очи, промени во устата или на јазикот (т.н. ковид јазик), осип на кожата и засипнатост.

За разлика од грипот, ковидот не се однесува сезонски и затоа е важно  да се обрне внимание на симптомите.

Во меѓувреме, студија од Калифорнија покаже дека вакцинирани деца и млади (од 7 до 18) се заразни исто онолку време како и нивните невакцинирани врсници. Имале бустер или не, тие го шират вирусот временски исто како и другите откако ќе бидат тестирани позитивно; во просек три дена.

Студијата додава дополнителен сомнеж за целисходноста на бустерите. До почетокот на оваа година, во неколку американски држави, вклучително и Калифорнија и Илиноис, вакцините беа задолжителни за учениците иако од Универзитетот Стенфорд им порачаа дека враќањето во училиште не треба да се дискриминира според вакциналниот статус.

**************

Види и:

Фајзер повеќе од дупло го поскапува лекот за ковид

Како сме денес, заморчиња?

 

27 октомври 2023 - 15:30