Фајзер повеќе од дупло го поскапува лекот за ковид

Македонската комисија за заразни болести пред некое време призна дека го нема набавено антивирусниот лек паксловид, ама ќе го набавеле во иднина, ако требало и ако се зголемел бројот на ковид случаи (по што епидемилогот Даниловски пристојно и сосема на место ги праша „Дали сте нормални?“). Е па, дунстери, кажете драгичка.

Американската фармацевтска компанија која ни стана позната по вакцината за ковид (иако и претходно беше озлогласена, види „Гревовите на Фајзер“), објави дека од првиот ден на наредната  година, нивниот антивирусен лек Паксловид ќе се продава за 1.390 долари за потребната доза. Американските здравствени власти досега го набавуваа за 529 долари.

Од декември 2021 година, американската федерална влада го купуваше и дистрибуираше паксловид бесплатно.

Иако вообичаено се опишува како еден лек, Паксловид е всушност два различни лекови кои се спакувани заедно - нирматрелвир и ритонавир.

„Тоа е пилула која се зема пет дена и која делува така што го попречува начинот на кој вирусот ги обработува своите протеини“, објаснува д-р Амеш Адаља, виш научник во Центарот Џон Хопкинс и лекар за заразни болести.

Додава дека тој е „високо ефикасен во спречување на тешки болести, хоспитализација и смрт, особено кај лица со висок ризик“.

***************

Види и:

Фајзер како злосторничко здружување

Фајзер знаелe за 158.000 несакани реакции на вакцината?

16% од вакцината на Фајзер завршува во црниот дроб

Што е со 9-те страници негативни нус-појави од вакцината на Фајзер?

Фајзер врска немале дали вакцината спречува ширење на вирусот

Првиот човек на Фајзер се уфуфка од сведочење

 

23 октомври 2023 - 16:09