Што е со 9-те страници негативни нус-појави од вакцината на Фајзер?

Како дел од постапката за добивање дозвола за вакцината Фајзер до американската ФДА меѓу целата документација има испорачано и 9 страници со таксативно наведување на сите можни нус-појави што биле пријавени од нивната вакцина против ковид-19.

Во девет страници се наведени „негативни настани од специјален интерес“ и тие се вклучени во документ составен од податоци од користење на вакцината од 63 држави во светот, во периодот од 1 декември 2020 до 28 февруари 2021.

Откако документот излезе во јавност паниката е дека секоја една од овие ставки дефинитивно е поврзана со вакцината на Фајзер против ковид.

Како што објаснува Ројтерс, листата е составена користејќи волонтерски извештаи собрани низ различни национални системи за пријавување, и според нив не мора да значи дека секоја од овие нус-појави е дефинитивно поврзана со вакцините.

Истото го тврдат и од Фајзер дека пријавените последици „не мора да имаат каква било каузална поврзаност со вакцината“.

„Може да е во прашање и скриена болест или некој друг фактор како мината медицинска историја или придружен лек или негативниот настан може да е коинцидентен,“ објаснуваат од Фајзер.

Инаку, во растерувањето на шпекулациите околу нус-појавите не помага и тоа што претседателот на Томсон Ројтерс Фондацијата и некогашен ЦЕО на Томсон Ројтерс, Џејмс Смит, е член на бордот на Фајзер.

Списокот нус-појави од документот:

 

31 март 2022 - 15:55