Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Израел уништува палестински маслинови плантажи пред бербата

24 September 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Израелски воени булдожери откорнаа стотици маслинови дрвја на плантажи на Палестинците на Западен Брег, само една недела пред да почне годишната берба на маслинки.
  • „Сите наши маслинки, вклучително и штотуку засадените, се откорнати. И маслините на нашите соседи – сите до една. Нè оставија без ништо“, вели Абд Алфатах Тамими, земјоделец од село близу Рамала.
  • Освен традиционален палестински симбол на поврзаност со земјата, маслините се столб на земјоделството на Западниот Брег и Газа. Производството на маслинки и масло учествува со околу 8% од БДП на Палестинските територии и обезбедува повеќе од 60.000 работни места.
  • Израелските одбранбени сили вообичаено се повикуваат на потребата од расчистување на теренот од дрвја за да се спречат безбедносни закани или заседи. Според палестинската Комисија за отпор против колонизација,
  • Израел издал три воени наредби за отстранување на вегетацијата од речиси 340 дунуми (34 хектари) палестинско земјиште околу Џенин, Кабатија и Беит Рима на окупираниот Западен Брег. Според Комисијата, само во август биле откорнати 21.508 стебла, вклучително и 19.375 маслинови дрвја.
  • Слични кампањи беа спроведувани и во регионот Газа. Се проценува дека се откорнати околу 1 милион маслинови дрвја, односно 80% од сите во појасот.
извор

Крал Ладислав и кнез Трпимир тргнале за Германија

24 September 2026
  • Share
  • Post
  • Двајца браќа од Авганистан биле уапсени на аеродром во Хрватска додека се обидувале да се качат на лет за Германија.
  • Успеале од Грција во Хрватска да влезат со фалсификувани документи но не и да тргнат за Германија со нив. 
  • Малолетниот брат користел документ на име „Крал Ладислав“, а неговиот возрасен брат на име „Кнез Трпимир“.
  • Ги намагарчиле во Атина.
  • Трпимир е во притвор а малолетниот крал Ладислав е сместен во дом за малолетници.
извор

Агент на OpenAI хакирал владини системи на Австралија

24 September 2026
  • Share
  • Post
  • Агент со ВИ на OpenAI автономно извршил хакерски напад во неколку системи на австралиската влада, објави премиерот Ентони Албанезе. Ова е прв потврден случај во кој модел со ВИ од најновата генерација самоиницијативно хакирал владини системи на друга земја.
  • Решавајќи барање да состави здравствени и медицински статистички податоци, ботот упаднал во австралискиот систем за здравствена заштита Медикер и во мрежите на Министерството за здравство на Викторија и на Бирото за статистика и истражување на криминалот на Нов Јужен Велс. Во оваа фаза од истрагата се смета дека не се компромитирани лични здравствени податоци.
  • Нападот бил извршен во јуни. OpenAI го открил во август. Ја известил владата на Австралија со имејл до јавното поштенско сандаче на владата на 10 септември. Министерката за владини прашања била известена дури на 17 септември.
  • Премиерот Албанезе формира работна група во која се вклучени повеќе агенции за безбедност за да го истражат инцидентот. Во Њујорк лично разговарал за упадот со Сем Алтман, извршниот директор на OpenAI.
  • „Да стануваше збор за кинески или руски модел, реакцијата ќе беше значително поинаква од обичен разговор со Алтман“, забележува Кори Алперт, докторанд кој го проучува влијанието на ВИ врз демократијата на Универзитетот во Мелбурн.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Работната недела се растегнува на шест дена

Свет
2

Фрли Бугарче, фати крапче

Балканштина
3

Ни секунда не прекинаа

Балканштина
4

Сè почнува со реченицата: Годинава само малку да испечеме

Балканштина
5

Леонард Коен, шегаџија

Забава
6

Швајцарски навивачи во голем број доаѓаат во Скопје

Навивачи
7

Југославија повторно се обединува

Балканштина
8

Богати и славни

Македонштина
1

Работната недела се растегнува на шест дена

Свет
2

Обединетите нации се корисен театар

Мислења
3

Во доба на роботаксија, Убер се обложува на луѓе 

Бизнис
4

Одборот на Трамп има нов план за Газа, ама нема пари

5

Брисел го награди Маѓар со пристап до 4,2 милијарди евра

6

За пцуење во Грузија се оди во затвор

Свет
7

Швеѓаните ќе прегласуваат поради изборна измама?

Свет
8

Како Трамп ги изневери Саудијците

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Македонија меѓу Бугарија и Косово

Балканштина

Сè почнува со реченицата: Годинава само малку да испечеме

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Ни секунда не прекинаа

Балканштина

Југославија повторно се обединува

Балканштина

Балканско вуду: Проклетија

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Зошто камиказите носеле шлемови?

Горан Баре Vs Ќиро Блажевиќ

Писмото на Тито: Драги мои Југословени, сето ова си го заслуживте

Докторат на денот: Важноста да се биде Македонец

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy