Вести

Мигрантите ја прекроија политичката карта на Германија

Неодамнешните регионални избори покажаа како миграцијата ја променила политичката карта на Германија. Натурализираните дојденци, кои годинава прв пат имаа право на глас, ги издвоија Берлин и Истокот во два посебни и спротивставени света. Тоа беше видливо и во кампањата, во која дури и социјалдемократите понудија манифест на четири странски јазици.

Патна карта на Римската Империја:

Сите патишта воделе до - Цариград

Многу од денешните сообраќајни артерии низ Европа се изградени врз патиштата изградени од Римјаните. Анализа на досега најтемелното дигитално мапирање на патната карта од пред 2.000 години покажува дека Рим всушност бил далеку од главниот коридор во античката сообраќајна мрежа. Многу поважни јазли биле Византион, Антиохија, Коринт и Анкира.

Трамп и Си ги спојува магнетна врска

Кинескиот претседател пристигна на самит во Белата куќа вооружен со моќно оружје – доминацијата во синџирот на производство на ретки минерали. САД не можат да најдат алтернатива за кинеските магнети, кои се клучни за воената индустрија, па Трамп е под притисок да прифаќа отстапки на другите отворени теми и да го продолжи трговското примирје со Пекинг.

Речник

Швеѓаните ќе прегласуваат поради изборна измама?

Истрага за измама може да го промени победникот на парламентарните избори во Шведска. Натурализиран сомалиски имигрант кој освоил пратеничко место како кандидат на левицата е осомничен дека им плаќал на гласачи и им делел ливчиња на кои веќе е заокружено неговото име. Ако биде потврдена измамата, Швеѓаните првпат во историјата ќе мораат да прегласуваат.

За пцуење во Грузија се оди во затвор

Судовите низ Грузија се полнат со „безобразници“ откако властите со закон го забранија пцуењето по интернет како дел од кампањата за прочистување на политичката клима во Грузија од токсични поделби. Премиерот ги прогласи вербалното навредување за „оружје што политичките непријатели го користат за дестабилизација на земјата“.

Во доба на роботаксија, Убер се обложува на луѓе 

Убер вложува милијарди во новите автомобили без возачи, но верува дека клучниот фактор за економска исплатливост е да го зголеми бројот на возачи. Компанијата пресметала дека хибридна мрежа во која се вклучени луѓе може да ја зголеми зафатеноста на автономните возила што би носело поголем профит отколку флота составени исклучиво од роботаксија.

Зошто малиот Нетанјаху уште е во Мајами?

На израелските војници кои волонтираа да се приклучат на војната против Хамас не им е право што синот на премиерот Бенјамин Нетанјаху и понатаму дреме во Мајами.

Многу ја скинаа дневната доза на CBD

Препорачаната доза на канабидиол досега беше 70 милиграми на ден. Англичаните сега решија да ја намалат за дури седум пати. За да бидат сигурни, експертите прво мерат на глувци, потоа множат со човечки килограми ама удираат и дополнителен сатар за 400 пати. За на крај да останат само четири капки од најтенкиот CBD. За THC-то немаме нови лоши вести.

Постои ли некаде неутрален агрегатор на вести?

Луѓето во Газа се практично без интернет затоа што бомбардирањата на Израел ја уништија инфраструктурата, но затоа Европа има интернет. А во Европа еден од најголемите агрегатори на вести е германскиот Апдеј чии надлежни дале упаства да се форсира про-изралескиот поглед на состојбата во Газа и да се минимизираат вестите со цивилните палестински жртви.  

Инвазијата на Газа ќе биде посмртоносна од американскиот „пекол“ во Фалуџа

Иако се уште една израелска чизма нема стапнато во Газа, американските воени експерти почнаа да ја споредуваат најавуваната израелска инвазија на палестинската населба со пеколните битки што американската војска ги водеше во ирачка Фалуџа.

Џон Стујарт избркан од Епл ТВ

Заради нешто што модерно коректно се нарекува „креативни разлики и загриженост околу конкретните теми“, а по старо се викаше само „цензура“, Епл ТВ одлучи да го прекине шоуто на Џон Стујарт и целосната соработка со него.

Кина почна истрага против Фокскон, производителот на Ајфон

Основа за истрагата се даночни пропусти и користење на ресурси од страна на Фокскон, а кинеската даночна служба веќе влегла во погоните на компанијата во Гуандонг и Џиангсу, додека инспекторите за приодни ресурси упаднале на локациите во Хенан и Хубеи.

Фајзер повеќе од дупло го поскапува лекот за ковид

Македонската комисија за заразни болести пред некое време призна дека го нема набавено антивирусниот лек паксловид, ама ќе го набавеле во иднина, ако требало и ако се зголемел бројот на ковид случаи (по што епидемилогот Даниловски пристојно и сосема на место ги праша „Дали сте нормални?“). Е па, дунстери, кажете драгичка.

Можно ли е целиот универзум да е црна дупка?

Двајца научници решиле да го мапираат целиот универзум и да прикажат како стојат работите. Го направиле тоа а резултатите од нивната табела водат кон прилично зачудувачки прашања за црните дупки. Дали универзумот во кој живееме може да биде една голема црна дупка?

Феудализам на дигитален начин

Се тешевме дека можеби сме параноични што нè фаќа уплав од дигиталната централизација на глобално ниво која во пандемијата почна навидум невино, со дигитални вакцинални пасоши. Следуваше идејата за дигитални валути издавани од централни банки, па идејата дигиталната лична карта да се поврзе со индивидуалниот „јаглероден отпечаток.“ И тоа не е сè...

Ќе ве бомбардираме, не видовте на Фејсбук?

Среде жестоките одмазнички воздушни и артилериски напади на Израел врз Газа, портпаролот на израелските одбранбени објави порака на Фејсбук до жителите на една населба да ги напуштат своите домови додека е време. Не е јасно како луѓето требаше да дознаат за предупредувањето кога таму нема ни интернет, ни струја.

Сфаќа ли ЕУ каде ја утна со имиграцијата?

Во што е разликата меѓу класичните либерали и модерните левичари во поглед на имиграцијата, еден од најзезнатите проблеми на Европа денес? Едните поддржуваат работна миграција, другите ја штитат социјалната миграција. Тој што отишол во странство за да работи, нема да има ни енергија ни време ни потреба да се бави со криминал. Оние другите, ќе си најдат други „занимации.“

Арапите во Белата куќа се чувствуваат запоставени

Вработени во Белата куќа и во администрацијата со арапско потекло, чувствуваат дека не наидуваат ни на приближно онаква емпатија каква што се покажуваше за колегите Евреи, кога Хамас го нападна Израел. Замислете да сте Палестинец вработен кај Бајден и гледате како шефот оди во Израел, за да им даде оружје со кое ќе бидат убивани твоите.

Интересна оставка во Стејт Департментот

Висок службеник на американскиот Стејт департмент кој работеше на глобалните трансфери на оружје поднесе оставка поради своето противење на дополнителната воена помош на Бајден за Израел, во време кога е во војна со Хамас во која масовно гинат цивили, жени и деца. Малку е, ама па...

Ако не памтите, сè ќе ви биде ново

Ја памтите ли 2016-та и Сирија, кога се дигна светска врева за Сирија и страдањата на луѓето под режимот на Башр Ал Асад? Сте чуле нешто за Сирија и тие луѓе откако Запад сфати дека Башар не паѓа така лесно па дигна раце од тоа? За среќа, постојат независни новинари како Канаѓанката Ева Бартлет, кои ги деконструираа медиумските шашми дека се работи за цивили, за емпатија. 

Барајте дебата, не цензура

Врвни светски интелектуалци и креативци предупредија дека цензурата ја уништува слободата, замолчува легитимни мислења и ја поткопува демократијата која бара дебата и соочување на различните мислења. Секогаш го имало тоа, само што сега размерите се стравични, благодарејќи на моќните технолошки алатки и „експертите за дезинформации“ кои го чуваат просторот од непожелни мислења. 

Говорот што Бајден можеше да го одржи во Израел

Џо Бајден слета во Израел. Нема човек на планетава кој е на подобра позиција од него да го запре нападот на Израел врз цивилите во Газа, да се заложи за прекин на огнот и да ги постави темелите за праведен и траен мир. Но, Бајден нема да го стори тоа.

Што е што и кој е каде?

Палестинците не се само географски раздвоени меѓу појасот Газа, Западниот брег и Источен Ерусалим. Ги дели и долгогодишен судир меѓу умерените Фатах и екстремните Хамас, на кои досега единствената заедничка карактеристика им беше што се длабоко влезени во корупција. Но, сега гневот може да ги обедини Палестинците и да започнa трета Интифада.

А што па Евреите не остават да бидат убиени?

Тешко е да се најде НЗС на Блискиот исток каде Арапи веруваат дека Израел треба да го нема, а  Израел верува дека ако веќе ги има, Палестинците треба да се во апартхејд. Ситуацијата дополнително се сјебува кога гинат цивили и деца. Ги читаме те овие, те оние, не би ли наишле на некои точки околу кои може да се најдат. И секогаш завршуваме со исто чувство: не бе, нема овде разбирачка. 

Дали демократијата стварно треба да му се радува на Туск?

Владеачката полска партија Право и правда после осум години го губат мнозинството во земјата и се отвора врата новата коалиција да ја предводи центристичката платформа на Доналд Туск, кого го наеме како претстедател на Европскиот совет. Ако демократијата се сфаќа орвеловски, тогаш Туск е демократ. Ако не, тогаш нема голема разлика меѓу него и еден Заев или Маричиќ.

Не бидете пион во нивните шаховски игри

Кога медиумите постојано ви кажуваат „овие луѓе нè мразат, сакаат сите да нè видат мртви“, создаваjќи една зла Бабарога која мора тотално да се елиминира, ќе се цимнат разни социопати кои немаат проблем да убиваат невини, вклучително и деца. Исто како што гледаме сега со Хамас во Палестина или со Израел и бомбардирањата.

9 милиони долари направија од видеото, една гитара не дадоа

Том Морело, Нињо Бетенкорт, Скот Иан и Бред Пеисли, пред 4 години ја отсвиреа темата од „Game of Thrones,“ на чичка новки тематски Фендер гитари. Видеото стана апла вирално и нема кој го немаше видено. Откако ја завршиле работата, скаперниците од Фендер само им пишале: „Баш ви фала што ни се најдовте“. Еве ги сега, мрчат.

Градот Газа ќе го нема, но за Хамас не се знае

Истражувачкиот ветеран Сејмор Херш (со Пулицер од пред 53 години), разговарал со јако информирани инсајдери од Израел и други места и заклучува дека иако израелскиот план е јасен,  операцијата за бришење на Хамас не е така едноставна, и покрај сите бомби од по 2,5 тона кои пенетрираат и 50 метри под земја. На Хамас им беше јасно што ги чека и викаат: Ајде бе, дечки.  

Брат, фаќај си дрво

Во едно примитивно племе во Амазон живеат три илјади жени и само седум мажи. Вториве се ослободени од сите обврски и работи, освен од онаа која е незаменлива: размножувањето. Бидејќи три илјади на седум е сериозно неповолен однос на силите, за да ги избегнат жените, мажите често бегаат на дрвја.  

Ако пулсот ви е слаб, пробајте паралелно паркирање

Од сите стресови кои со себе ги носи возењето кола (од идиоти кои сакаат да се пикнат во твоја лента, до идиоти кои не ти даваат да им се пикнеш во нивна лента), се чини организмот најмногу го вознемирува паралелното паркирање. Им мереле пулс на луѓе кои паркираат паралелно. Срцето забрзувало речиси 60 проценти.