9 милиони долари направија од видеото, една гитара не дадоа

Том Морело, Нињо Бетенкорт, Скот Иан и Бред Пеисли, пред 4 години ја отсвиреа темата од „Game of Thrones,“ на чичка новки тематски Фендер гитари. Видеото стана апла вирално и нема кој го немаше видено. Откако ја завршиле работата, скаперниците од Фендер само им пишале: „Баш ви фала што ни се најдовте“. Еве ги сега, мрчат.

Кантри ѕвездата Пеисли и гитаристите на Рејџ, Антракс и Екстрим го снимија видеото како дел од кампања за промоција на луксузните линии на Game Of Thrones гитари.

Од тогаш, видето го имаат видено 41 милион луѓе а Скот Иан неодамна откри дека на ниеден од нив не му било дозволено да ја земе гитарата на која свирел на видеото.

Додуша, не се евтини парчињата: Ланистерот е 30.000 долари, Таргериан гитарата 35.000 долари.

„Мислевме дека на крајот на сесијата ќе ни речат да си ги земеме инструментите, бидејќи тоа вообичаено се случува на вакви ангажмани“, вели гитаристот на Антракс. 

Ништо од тоа. После неколку недели, само добиле меил од Фендер во кој им се пофалиле колку луѓе го имаат видено видеото и колку од гитарите имаат продадено.

Пет минути после меилот од Фендер, добил порака од Нуњо:

„Мамата нивна шконтарска. Направив рачун, девет факинг милиони долари имаат направено од нашето видео, ни гитара не ни дадоа,“ на што овој му одговорил „Брат, не ми скоривај јадови“.

Друпат подобро да се пазарат:

 

 

16 октомври 2023 - 18:14