Доктор Чарлс Лајнвивер и Вихан Пател исцртале сè во универзумот и откриле дека тој по маса и структура е сличен на црна дупка.
Сместиле сè што постои, од субатомски честички до супер-кластери, според масата и радиусот. Користеле тн лог-лог графикон за да може да сместат толку широк опсег на маси и големини.
На графиконот, има области кои се „забранети“ од гравитацијата, а некаде квантната механика на објектот е толку мала и сложена што науката не може да биде сигурна, создавајќи област на квантна несигурност.
Двајцата истражувачи обрнуваат внимание на црната линија на графикот, која го дели делот „забрането од гравитацијата“ од областа на табелата што прикажува познати предмети. Се забележува дека црни дупки во универзумот ја населуваат црната линија.
Моделот формиран од црните дупки на табелата е во согласност со сознанијата дека поголемите црни дупки имаат помала густина од помалите. Тоа науката го има утврдено и разбрано.
Ако се следи црната линија нагоре на табелата, се гледа дека целокупноста на нашиот видлив универзум (Хабл радиусот), исто така се наоѓа на линијата. Ако постоеше црна дупка на линијата голема колку универзумот, ќе можевме да ја видиме со сегашната технологија и таа ќе имаше иста густина како и универзумот. Тоа го покренува прашањето, дали нашиот универзум е една гигантска црна дупка?
Иако ова прашање веќе беше покренувано од други космолози порано, тие користеа различни методи за да ги поткрепат своите тврдења. Идејата за универзумот како црна дупка изгледа неверојатна, но Лајнвивер и Пател потсетуваат дека универзумот отсекогаш се наоѓал покрај црната линија.
Нивните мерења на масата вклучувале и црна материја и енергија. Кога универзумот што може да се види во радиусот Хабл расте, расте и масата и енергијата поради зголемувањето на црната енергија. Вистинитоста на теоријата за универзумот како црна дупка би значела дека сè надвор од радиусот Хабл би требало да е вселенски вакуум.