„Исклучувањето на интернетот во вооружени конфликти ги става цивилите во дополнителна опасност“, предупреди Дебора Браун од Хјуман рајтс затоа што во такви околности интернетот е драгоцена алатка преку која луѓето дознаваат или споделуваат информации кои можат да спасат живот.
Многу малку луѓе во Газа можат да дојдат до интернет а компании и организации кои го мониторираат глобалниот интернет проток велат дека во појасот тој е редуциран од 80 до 90 проценти. Слично беше и на почетокот на војните во Украина и Судан.
Луѓето во појасот се во речиси комплетен информативен мрак а повеќето интернет провајдери, едноставно, ги снема. Уништена е инфраструктурата и оптиката а на оние кои провајдери кои имаа електрични генератори на нафта, им снемува гориво.
Таму и онака интернетот е во рацете на Израел бидејќи провајдерите се поврзуваат на поширокиот интернет преку израелската инфраструктура, така што Израел е во комплетна контрола на информациите и е во состојба да ја држи Газа офлајн.
Израел вели дека и на аналогни начини ги предупредува Палестинците, но Асошиетеде прес јави дека летките за евакуација во градот Беит Лахија во северниот регион на Газа биле фрлени дури откако областа била жестоко погодена.