По крвавиот напад на Хамас врз Израел, шефови во Белата куќа брзо почнаа да им се јавуваат на своите еврејски вработени, да прашаат како се, да нè имаат некој во Израел за кого се загрижени и слично. Фино.
Но, како што конфликтот се прошири и насилството го смени правецот, со тоа што Израел започна кого -удрам-не-жалам воздушни напади врз Газа, некои муслимански, арапски и палестински Американци кои работат во администрацијата на Бајден се чувствуваат како нивната тага да не наидува на слична емпатија.
„Луѓето се исплашени“, цитира Политико човек од арапско-американската администрација, посочувајќи на неодамнешното убиство на 6-годишното палестинско момче во Чикаго, што беше оценето како злосторство од омраза.
„Од нас се бара сами да ја минеме нашата тага, без таа да биде препознаена“.
Други вработени рекле дека биле вознемирени од реториката што излегувала од просторијата за брифинг и од претседателот Џо Бајден. Се чувствуваат како нивните шефови да не ја земаат доволно предвид загубата на палестинските животи.
„Лично ми е фрустрирачки кога гледам дека Бајден оди во Израел за да им даде оружје кое ќе биде искористено за масакр на луѓето од Газа“.
Претходно ХафПост пишуваше дека вработени во администрацијата кои работат на прашањата за националната безбедност во различни агенции се загрижени за реперкусии по нивните работни позиции затоа што го доведувале во прашање однесувањето на Израел.