Џош Пол, директор за конгресни и јавни работи во Бирото за политичко-воени прашања на Стејт Департментот, на интернет го објави своето писмо со оставка како редок чин на јавно несогласување со администрацијата на Бајден, во време кога, после посетата на Тел Авив, претседателот од Конгресот планира да побара досега невиден пакет воена помош за Израел.
Пол, кој во Стејт департментот бил 11 години, го нарече одговорот на администрацијата на Бајден „импулсивна и пристрасна реакција“ и „интелектуален банкрот“. Вели дека дека не може повеќе да работи во поддршка на кусогледа, деструктивна и неправедна политика.
Бајден, кој е првиот американски претседател кој го посетил Израел додека е во војна, е цврст во својата поддршка за Израел (а можеше поинаку). Го осуди „крвавите раце на терористичката Хамас“ за нападите од 7 октомври и најави нови санкции за неговите лидери.
Како фуснота, побара гаранции од Нетанјаху дека израелските воздушни напади нема да гаѓаат цивили во Газа велејќи дека „огромното мнозинство Палестинците не се Хамас“.
Од 7 октомври до денес загинаа над 3.000 Палестинци и над 1.300 Израелци.
„Денеска заминувам бидејќи немам каде во однос на нашето континуирано - згора проширено и забрзано - обезбедување на смртоносно оружје за Израел. Да бидам јасен: нападот на Хамас врз Израел беше врвна монструозност, но, до сржта на мојата душа верувам дека одговорот на Израел, а со тоа и американската поддршка и за тој одговор и за статус кво на окупацијата, само ќе доведат до повеќе и подлабоки страдања и за израелскиот и за палестинскиот народ, а тоа не е долгорочен американски интерес“, напиша екс директорот.
Вели дека се плаши дека САД ги повторуваат истите грешки што ги правеше изминатите децении и дека тој одбива и натаму да биде дел од тоа.