Снимката од животот на амазонското племе стана вирална на ТикТок, иако вакви стории тешко се верификуваат бидејќи формулациите „некаде длабоко во Амазон“ се новото „зад седум мориња и седум планини“.
Вака оди:
Во племето живеат три илјади жени и само седум мажи. Единствената обврска на овие седум величенствени е размножувањето, што, со оглед на односот на силите, воопшто не е лесна задача. За да се одбранат од жените, мажите често бегаат на дрвја и таму живеат.
Во примитивното племе владее чист матријархат во кој жените имаат контрола над сè, вклучително и над мажите. Концепт за брак не постои а жените во интервали ги менуваат малубројните мажи за да може сите да дојдат на ред.
Заради животворната функција која ја обавуваат, мажите се ослободени од сите други работи а жените ги хранат со најпротеинските бели црви за да ги држат активни.
Седумторката има еден старец и едно 13 годишно момче а жените во племето особено ценат мажи со големи стомаци и задници, верувајќи дека тоа е сигнал за добар пород.