Германија води во нејќење црнци во ЕУ

На црнците кои живеат во Европската Унија, третманот не само што не им се подобрува туку им се влошува. Расисмот кон нив е во пораст последниве години е една третина годинава биле мета на некаква расна дискриминација. Освен во Германија и Австрија, каде бројките се двојно поголеми. Плус сиромаштија.

Агенцијата за фундаментални права на Европската унија анкетираше лица од првата и втората генерација црни имигранти во 13 земји од блокот. Околу една третина од испитаниците се чувствувале расно дискриминирани во изминатите 12 месеци - што е пораст од 10 процентни поени од претходната анкета пред шест години.

Во Австрија и Германија бројките се двојно поголеми; две третини, односно 64%  од испитаниците биле мета на расна дискриминација (или така барем мислат). Претходниот удел во Германија беше 33%, што значи дека годинава двојно повеќе црнци доживеале расизам во таа земја во споредба со претходната анкета.

„Шокантно е што не само што не гледаме подобрување туку се случува влошување и сè повеќе луѓе од африканско потекло се соочуваат со дискриминација само заради бојата на кожата“ вели директорот на Агенцијата.

После Германија и Австрија следи Финска, а најмалку проблеми на оваа основа имаат луѓето во Португалија, Шпанија и Полска.

Малкумина го пријавувале расното вознемирување. Најверојатни жртви се млади жени, лица со високо образование и оние во религиозна облека (другите знаат да се бранат).

Црнците во ЕУ имаат многу поголема веројатност да паднат во сиромаштија; 33% рекле дека се борат да врзат крај со крај, а 14% не можат да ги загреат своите домови. За општата популација, учеството е 18% односно 7%.

27 октомври 2023 - 14:11