Какви се плановите на Израел за луѓето од Газа?

Кратко кажано: да ги нема. Израелското министерство за разузнавање изготвило таен документ во кој се скицира што треба, во неколку фази да се прави со палестинското население од Газа. Ок, да ги има, само не во Газа, туку во северен Синај. Како оваа идеја ќе ја избегне квалификацијата дека се работи за класично етничко чистење, ваљда попат ќе смислат Американците.   

Идејата е да се протераат во северен Синај, во Египет, што би се реализирло во неколку фази:

1. Да им се наложи на палестинските цивили да ја напуштат северна Газа пред копнените операции;

2. Да започнат сериски последователни копнени операции од север кон југ на Газа;

3. Рутите низ преминот Рафа да се остават чисти;

4. Да се воспостават населби со шатори во северен Синај и да почне да се градат градови за палестинските дојденци во Египет.

Линкот од документот на десет страници кој бил изготвен една седмица по нападот на Хамас нема многу да ви користи затоа што е на хебрејски а Викиликс објави дека неговата автентичност е потврдена.

Се наведува и дека овој документ има советодавна а не извршна функција и во него разузнавачите советуваат дека раселувањето на цивилите од Газа во Египет „ќе донесе позитивни и долгорочни стратешки резултати“.

30 октомври 2023 - 17:47