Владите на арапскиот свет се јавно обединети во цврстата поддршка за Палестинците додека Израел се загрева за комплетна копнена инвазија на Газа за да го елиминира Хамас. Така е барем на зборови. Нивните дела сугерираат поинаку.
Јорданската кралица Ранија, на пример, јавно се исповедаше дека таа и нејзиниот народ се „потресени и разочарани од реакцијата на светот на оваа катастрофа што се случува“.
Кралицата, по потекло Палестинка, можеби ќе сака на оваа тема да позборува со нејзиниот сопруг, Абдула Втори, кој, кога Израел го започна својот контра-напад, отворено рече
„Ова е црвената линија: нема бегалци во Јордан“.
А да им се дозволи доаѓање на Палестинците сигурно ќе го ублажи нивното страдање и ќе биде голем предизвик за Хамас. И Египет категорично одбива примање бегалци; во суштина ниту една арапска нација не најде доблест да им понуди засолниште на своите „браќа“.
Во последната деценија, Катар ѝ даваше на Газа - односно на властите на Хамас - во просек 166 милиони долари годишно, наводно за „цивилни“ проекти. Јасно е дека Хамас ги потрошил тие пари за други работи, со оглед на ужасната економија на Газа (над 80% од тамошните 2,1 милиони луѓе живеат во сиромаштија).
„Сериозно, со оглед на катастрофалните услови во кои живеат Палестинците, зошто побогатите арапски држави не покренаа еден сериозен „Маршалов план“ па да ги извадеа нивните палестински браќа од економска и социјална мизерија?“, прашува Њујорк пост во свој едиторијал.
Според уредништовото, одговорот лежи во тоа што уште од создавањето на државата Израел во 1948 година, арапските држави го користеа палестинското прашање - и палестинскиот народ - само како корисна палка против еврејската држава и како одвраќање од незадоволството на сопственото население од нивното владеење.