
За време на 2-годишното планирање оперативците на Хамас за комуникација се потпирале исклучиво на жичаните телефони, а операцијата ја чувале во целосна тајност се до неколку денови пред нападот. Во својата работа тие целосно избегнувале користење компјутери и мобилни уреди, за да заобиколат какво било откривање од израелското или американското разузнавање.
Освен откажувањето од дигитална комуникација, во подготовките клучни биле и состаноци во живо, а остатокот од воената сила на Хамас дознал за планот кратко пред почетокот на неговото спроведување.
За цело време на планирањето Хамас продолжил со обуката на своите борци. Ова било забележано и од израелското разузнавање но било игнорирано по основа дека Хамас постојано држи обуки.
Наводно знаењето и контраразузнавачките мерки на Хамас му ги има пренесено Иран, но западните извори се согласни дека Техеран не учествувал во планирањето на операцијата.
Според Си-ен-ен се до октомврискиот напад Израел немал поим дека Палестинците користат жичани телефони.