Раштиманата листа на Ролинг Стоун

Да треба да одбереш тројца најдобри гитаристи на сите времиња, изборот сигурно ќе наиде на мрчење на други, пошто си пропуштил некој од нивните фаворити. Исто би било и со пет или десет, дури и сам ќе ти биде криво што пропушташ некого. Ама да направиш листа од 250 ликови и пак толку дебело да утнеш? 

Пред околу две недели, Ролинг Стоун (кој остана релевантен уште само за музика, пошто политички се еден неподнослив „прогресивен “бљак) објави листа од 250-те најдобри гитаристи на сите времиња.

Доволно широк простор за да можеш да си фер и да не направиш грев кон некој што е или бил стварно добар. Ама не, овие имаат утки од чудесни размери, иако листата ја склопувале дури 32 зналци. 

Топ трилингот е ок: Хендрикс, Чак Бери, Џими Пејџ.

Ама пазете кого сè нема:

Го нема еден Џорџ Бенсон, сопственик на едни од најврцавите прсти на гитарскиот врат, го нема Ал Ди Меола (акустика, фузија, сè), го нема Питер Фремптон, Џо Пас, Антонио Карлос Жобим, таткото на боса новата. Го нема Алан Холдсворт!

Да не зборуваме за можеби помалку познатите, но страшно влијателни Том Шолц од Бостон, Нил Шон од Џрни, Гатри Гован....

Побогу, во 250-ката на Ролинг Стоун го нема Томи Емануел!

А и некои од оние кои ги има, се ставени на крајно недостоинствени места. Пет Метини на 157-мо место? Дури и оној кој им е бог на барем половина од големите на листата, Џон Меклафлин, кај Ролинг Стоун добацил само до 72-ро место.

Апсурдна листа. Да исправиме бар некоја од неправдите:

***********

***********

***********

***********

Топ 250 листата ја омате овде

 

26 октомври 2023 - 10:31