Романија е следна ЕУ главоболка околу Украина

Зеленски го откажа говорот во романскиот парламент бидејќи тамошните опозиционери најавија дека ќе го реметат. А тие водат на анкети и имаат вртоглав пораст на поддршката. Ставот на Орбан е познат а Словачка ја откажа воената помош за Украина па Романија е следниот предизвик за позицијата на ЕУ. Само што Романија е многу поважна.

Украинскиот претседател ја посети Романија на 10 октомври, но посетата не мина баш како што беше планирано, а неговиот закажан говор пред парламентот беше откажан во последен момент.

Формално самиот Зеленски го откажа говорот, но вистинската причина беше заканата на опозиционата Алијансата за Унија на Романците (АУР), дека ќе протестира против говорот.

Ова е партија која бележи двојно поголема поддршка од парламентарните избори пред три години. Таа води во анкети за следните избори иако Украина и Молдавија му забранија на нејзиниот лидер влез поради наводни врски со Кремљ.

Земјата е на пресвртна точка и во однос на нејзината позиција за Украина и за нејзината позиција во Европа. По враќањето на Роберт Фицо и стопирањето на словачката воена помош за Украина, и познатиот став на Унгарија, Букурешт ќе биде следниот предизвик за одржување на позицијата на ЕУ.

Само што Романија е многу позначајна. Таа игра голема улога во обезбедувањето хуманитарна помош и испораката на воена опрема за Украина, но што е најважно, но е и главниот спотер за овозможување украинското жито да стигне до светските пазари. Над половина од тоа жито се извезува преку Романија.

Потенцијалниот пресврт на Романија ќе има големи последици за поширокото економско и политичко опкружување на Европа, бидејќи земјата треба да игра клучна улога и во европската и глобалната енергетска безбедност во наредните години.

Овој јуни, мултинационалната ОМВ со седиште во Австрија и романската гасна компанија Ромгаз најавија заеднички инвестиции од 4 милијарди евра за развој на полиња за природен гас во Црното Море, проект што нуди ублажување на руските уцени на среден рок. Се надеваат дека производството би започнало во 2023.

Затоа за Украина и Европа е важно да видат проток на романски гас што е можно поскоро а за Русија да го кочи тој проект.

29 октомври 2023 - 19:41