Вести

Дата-центарот на копно, работниците на пловечки затвор

Инвеститорот на огромен центар за податоци во Норвешка, еден од најголемите во Европа, изнајмил голем брод што порано се користел како пловечки затвор за да ги смести накнадно ангажираните градежни работници. Изградбата на комплексот за кинеската компанија ByteDance веќе доцни шест месеци поради проблемите со наоѓање доволно работници.

Германија троши милијарди евра за странци кои не работат

Речиси две третини од корисниците на социјална помош во Германија имаат мигрантско потекло – многумина и откако ќе добијат државјанство. Државата за нив издвојува над 20 милијарди евра годишно и троши многу повеќе за домување, образование и интеграција. Ако веќе примаат помош, АфД бара и да работат, макар и по 15 часа општествено-корисна работа неделно.

Франција гори од токсична улична коалиција

Француската левица полека, но сигурно, му го сврте грбот на „продуктивниот работник“ и влезе во токсична коалиција со наводно угнетените: лути млади, мигранти, бездомници, муслимани. „Посипете малку радикален ислам и овој сојуз од луд станува смртоносен“, пишува Брендан О'Нил.

Речник

Златна треска во Полска

Владата на Полска почна кампања со која им нуди високи награди на аматерските трагачи по богатства ако пронајдат вредни историски предмети. Се очекува за детектор за метал и за лопата да се фатат до 200.000 луѓе. Археолози предупредуваат дека златната треска може да предизвика измами и штета од над милијарда евра.

Русија шири свој „старлинк“ над Украина

Во критично време кога Илон Маск и Доналд Трамп им го ограничија пристапот на украинските сили до системот Starshield, Русија го привиршува комплетирањето на сопствена сателитска мрежа над Украина. Досега лансирала 32 сателити. Кога ќе стигне до 300, ќе може во реално време прецизно да управува дронови и ракети врз целата територија на Украина.

Како Макрон Антоанета ја изневери Франција

Во петокот вечерта, додека Франција се подготвуваше за нови насилни протести кои ја разнишаа земјата, Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит беа во ВИП-ложата на концерт на Селин Дион во Нантер. Ова беше еден вид „момент на Макрон-Антоанета“, кој доминираше на социјалните мрежи додека светот гледаше како хаосот се шири низ земјата.

Само револуција може да ги сопре климатските промени

На сите оние климатски самити кои се протоколарно пренесени како вести, договорено е дека глобалното затоплување треба да се одржува на ниво од максимум +2 Целзиусови степени од нивото пред индустријализацијата. Сериозни научници тврдат дека ова е премногу и дека треба да биде +1 степен, а тоа не може мирно да се постигне.

Градот од ѓубре

Се наоѓа на периферијата на Каиро, и во него е собрано комплетно ѓубре од градот од кое подоцна би можело да се извади некоја пара. Официјалното име му е - Маншејет Насер.

Како е одеднаш да станеш згоден?

Не е дека ние би знаеле како изгледа тоа, ама за тоа Линдзи Скот од ангелите на Викторијас Сикрет ова има да го каже на темата. Наводно девојката била грда на времето.

Надеж даваат само поединци

За тоа дали со референдум може да се кратат нечии права, за поткупливите медиуми и за летаргичните поединци кои главно се мрзливи хејтери на кои сите им се криви за сè, од Тел Авив, Едо Маајка.

Мито во безвредни пари

Пари кои само личат на нешто што би требало да вреди, а чија номинална вредност е нула, е изненадувачки успешниот метод за намалување на корупцијата во Индија.

Актот на правење топ 10 листи

Авторот на листата на Вајр за најдобрите филмови за 2013-та не е пишман околу својот избор, само сака да објасни како е да се прави листа за годината, што мора да ја предадеш пред да заврши годината. Плус, малку е пишман.

Колку заработуваа најбогатите во една минута во 2013.

Да бидеме педантни математиката е за 345 дена од годинава, ама никој не очекува дека просекот многу ќе им падне за три седмици. Човекот што е најклошар на листава заработувал по 14.492 долари во минута.

Мажот што ги прелажа милионерите со лажно вино

Роден е во Индонезија, расте во САД и добива репутација на човек што може да ги најде најретките вина во светот, кои ги продава блесаво скапо. Едно време му текнува дека и он може да прави стари, скапи и ретки вина.

Да потпишевме со ЕУ, ќе банкротиравме

"Историскиот договор со Русија ни помогна да ја спасиме економијата од банкрот кој ни се закануваше доколку потпишеме со ЕУ," изјави Микола Азаров. Другата украинска страна тврди дека е ова крај на независноста на државата.

Не треба многу народ за да бидеш битен на Твитер

Ако имаш јавна Твитер сметка и те следи повеќе од еден човек, треба да бидеш прилично горд со себе - ти си еден од најпопуларните корисници на Твитер.

Гениј меѓу гении

За во систем салата на НСА на станицата на Хаваи, Сноуден имал дуксер изработен од ЕФФ (Electronic Frontier Foundation) на чиј грб имало сатирично лого на НСА со орел кој прислушува сè и е вклучен во сè. За човек талентиран како Сноуден ваквото однесување било толерирано.

Швајцарците ги кодошат САД кај богаташите

Во врвна демонстрација на корисничка поддршка, банките од Швајцарија почнаа да ги алармираат богатите клиенти што е можно побрзо да ги испразнат своите тајни сметки пред да истече рокот (Нова Година) по кој не можат да им гарантираат тајновитост.

За што се интересира Балканот на Гугл?

Македонија ја нема во поединечните листи на најбарани пребарувања на Гугл во 2013-та година, но затоа ги има комшиите па им буричкавме малку по паметот. Србите сакаат да ослабат по диетата на ОН (на второ место би пробале со зелка), Бугарите најмногу ги интересира што е љубовта, а кај тисучљетните Хрвати високо котира Сулејман Величествениот. 

Приватниот аеродром на Гугл

Директорите на Гугл до толку се навлечени на летање (во приватни авиони) што добиваат и гориво на попуст од федералната влада (за што пукна брука, па сега ќе враќаат пари). Следниот чекор е влажниот сон на секој ЦЕО - приватен аеродром за приватните авиони.

Французинките не прават фејслифт

Во 2004-та Миреј Џулијано ја пишува книгата "Французинките не се дебелеат" во која им објаснува на жените низ светот дека тајната на Французинките е чисто психолошка - не им најважно да се најадат, туку да уживаат во тоа што го јадат. Сега Џулијано пишува како Французинките изгледаат одлично на 70-годишна возраст.

Човекот што ги потроши парите на Ворнер Брос. за хуманитарна помош

Кејси Неистат во моментот е еден од нај ин режисерите во САД. По таа основа Ворнер Брос. му нудат пари за да направи видео за промоција на филмот 'The Secret Life Of Walter Mitty.' Тој сака сите пари да ги даде за хуманитарна помош во Филипините.

Директор на годината

Бесна што не работеле и за Божиќ, жена на Фејсбук ја отерува компанијата у три лепе. Директорот седнува и ја отерува неа во четири лепе, потсетувајќи ја дека Божиќ важи и за неговите вработени.

Факултетски дипломи на кило

Бутембо е град во Конго со околу 600.000 жители. Само во последната академска година се појавиле преку 20 нови високообразовни институции, со бомбастични наслови од типот "Супериорен Институт за трговија и бизнис", "Факултет за авио-механика" или "Докторска школа за петрохемија".

Луѓето што го спискаа она што вие го сонувате

Во петокот не се падна премијата од 400 милиони долари, ова значи дека за неделава џекпотот ќе достигне барем 550 милиони долари. Еве некои што добија пари, па пак останаа без динар.

Во два чекора против холивудскиот сексизам

Таа знае дека во едно општество не можат работите да се сменат преку ноќ но вели дека барем за Холивуд е лесно да ја смени сликата за родовата нерамноправност. Потребни се само два чекора, порачува Џина Дејвис.

Луѓето се малцинство на интернет

Нашата перцепција дека сме господари на интернетот сериозно е нарушена откако реалноста беше непотребно освежена со едно истражување за тоа кого сè го има на интернет.

Зошто бел Исус е лош за историјата и за теологијата

Паралелно со доаѓањето на Божиќните празници во САД, доаѓа и дебатата околу тоа дека целата таа нација не треба да слави празник кој не е на сите и кој исклучува добар дел од луѓето. Како што има луѓе што ја напаѓаат идејата така има и луѓе што ја бранат.

Краток список на парите што Пентагон ги фрлил во 2013.

Годинава отидени се милијарди долари на бродови што не функционираат, излишни пушки и тенкови кои никому не му требаат. Ова е само тоа што се знае, а добар дел допрва ќе се открива.

Роботот кој не признава дека е робот

На новинар на Тајм му се јавува девојка од телемаркетинг, му се претставува како Саманта Вест и сака да продаде некаква здравствена услуга, Но, на овој нешто му станува сомнително.