Главен меѓу поборниците за само +1 степен е активистот и поранешен истражувач на НАСА, Џејмс Хансен. Неговото објаснување е дека: Земјата нема доживеано зголемување на температурите повеќе од 1 степен како резултат на природни промени во последниве 100.000 години и затоа тука треба да биде линијата.
Проблемот е што за да се оствари планот на Хансен, потребно е светот под итно да се стави на "диета" од фосилни горива.
Хансен и неговите соработници ја прекоруваат еколошката заедница дека постојано инсистира на истите работи (обновлива енергија, рециклирање и хибридни автомобили), а очекува различни резултати. Тој во својата студија ги моли младите луѓе во светот да го нарушат работењето на нивните влади и да бараат итна акција за климатските промени.
Според Хансен младите ја имаат најдобрата причина да се борат против системот. Тој објаснува дека ја прекинал својата кариера во НАСА за комплетно да се посвети на климатскиот активизам, вклучувајќи го и планот да ја тужи владата во име на помладите генерации.
Математиката зад потребата од итно ограничување од еден степен е што со нејзиното надминување може да очекуваме раст на нивото на морето од 10 до 20 метри, што е доволно за да се поплави секој крајбрежен град во светот. Освен ова, ваквиот раст според пресметките на Хансен ќе значи: масовно изумирање, посилни невремиња и се посурови негативни ефекти на човековото здравје, заедно со "масовни преселувања на цивилизациите."